Сонцето и високите температури можат да бидат прилично иcцрпувачки за градинарските растенија, дури и за оние видови кои не бараат често наводнување и толерираат топлина. Во ситуација на екcтремни услови, грижата за растенијата треба да се прилагоди и да се посвети малку повеќе грижа.
Ерика Чернох, агроном која се занимава со хортикултура во службата на Државниот универзитет во Орегон, открива неколку одлични тpикови за да ги сочувате вашите растенија на отворено за време на високите температури.
Меѓу оснивните работи за заштита на растенијата спаѓа нивното наводнување. Наводнете ги растенијата наутро кога температурите се пониски за да имаат време да ја впијат потребната влага, пред да дојдат високите температури.
Наводнувањето не смее да биде површинко и краткотрајно, туку водата треба да продре навистина длабоко, најмалку 15 сантиметри под површината. Листовите се најдобар показател за тоа кога на растенијата им е потребна вода – тие едноставно почнуваат да свенуваат и да делуваат болно.
Добро погледнете ги растенијата и ако листовите почнуваат да се наведнуваат надолу, време е да ги наводнете. Можете исто така да ископате дупка до растението, длабока два до три сантиметри, за да видите дали треба да се полева.
Покрај тоа, треба да се има на ум дека растенијата во песочна почва треба почесто да се наводнуваат од оние во глинена почва, која ја задржува водата многу подолго од песочната почва.
Висечките и приземните саксии бараат почесто наводнување од растенијата засадени во земја. Почесто проверувајте ги така што ќе го заглавите прстот во земја и ќе видите дали е сув. Исто така, за време на високите темпертури, преместете ги во сенка висечките саксии.
Прекријте ја почвата околу растенијата, бидејќи тоа ќе го забави испарувањето на водата, а за тоа можете да користите слама, компост или разложено ѓубриво.
За да ги заштитите особено нежните и деликатни растенија, користете специјално дизајнирана ткаенина како сенка – поставете ја рамката и раширете ја ткаенината, но не ставајте ја директно на растенијата за да можат тие да имаат непречена циркулација на воздухот. Имено, температурата под сенка може да биде за 10 степени пониска.
Во време на високи температури, избегнувајте ги сите активности кои можат да бидат дополнителен cтpec за растението, како што се пресадување, кастрење или ѓубрење.nАко одгледувате садници, задолжително преместете ги на безбедна локација под сенка.