НАЈВКУСНОТО ДОМАШНО ПЕЧИВО…Памук меко како облачиња…Вака го правеше мојата прабаба…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 мл млако млеко
1 лажица оцет 9%
50 г шеќер
20 г свеж квасец
1 белка од јајце
1 прстофат сол
1 ванилин шеќер
80 мл растително масло
450-500 г брашно

За премачкување: жолчка + лажичка млеко
За фил: топено сирење (здренка)/кашкавал или сирење на коцки 80-100 г
За слатка варијанта може парчиња локум или крем сирење

ПОСТАПКА:

Од сите состојки со постепено додавање на брашното замесете меко тесто. Пред крајот додајте го маслото и месете додека сето да се соедини во мазно тесто кое не се лепи. Оставете го покриено 35 минути на топло додека да го удвои волуменот.

Потоа поделете го на 20-27 топчиња. Тепсија 30 см намастете ја со путер/маргарин. Во секое топче ставете парче сирење, па исполнете ја тепсијата. Покријте и оставете 20-тина минути топчињата да го зголемат волуменот.

Потоа премачкајте ги со жолчка, по желба посипете ги со сусам и печете ги 20-тина минути во загреана рерна на 180 степени.

Печените печива можете да ги премачкате со мешавина од 2 лажици масло и 3 лажици кондензирано млеко или ссамо со растопен путер. Постапката погледнете ја ОВДЕ: