НАЈУБАВИОТ ПОСЕН КОЛАЧ…Брз, едноставен, во три слоја, кој од кој повкусен…Одличен за свечености и за секој ден…

Ова инаку, е еден од моите омилени колачи. За една пригода морав да правам посни колачи, а сакав меѓу нив да го има и „Тројно 3адоволство“ кој инаку не е посен колач, па морав да го приспособам и да го изменам, за да биде посен, без јајца и млеко, па на тој начин го добив овој – најубавиот посен…

Можам само да кажам дека оваа везија излезе исто така, одлична и верувајте дека помеѓу овој и оној вистинскиот „Тројно 3адоволство“ нема никаква разлика, па дури можеби овој е повкусен – Ранкос.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА БИСКВИТ:

6 лажици шеќер,
50 мл масло,
100 мл газирана вода,
4 лажици истостирани (пржени) мелени лешници,
150 г брашно,
1 кесичка прашок за печиво.
Ако сакате кората да биде потемна, во тестото можете да додадете и една лажица какао.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КРЕМ:

600 мл оризово или соино млеко (некое растително),
10 лажици шеќер,
2 пудинг од ванила,
малку арома од ванила,
200 г маргарин,
100 г посно чоколадо.

И УШТЕ: околу 200 г посни кекси, малку вода или сок за натопување на кексите, малку арома на рум.

ЗА ГЛАЗУРА:

100 г посно чоколадо,
3 лажици вода,
3 лажици шеќер,
50 г маргарин

ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:

НАЈУБАВИОТ ПОСЕН КОЛАЧ – Брз, едноставен, во три слоја – кој од кој повкусен

ПОСЕН КОЛАЧ СО ЧОКОЛАДО…Веднаш замешав уште една доза, зашто колачот уште жежок го изедовме…Многу вкусен!

ПОСНА РЕФОРМ ТОРТА Со богат вкус на ореви и чоколадо…

ПОСНА ЛЕШНИК ТОРТА: Кога ќе ја пробате ќе стане вашиот нов омилен десерт!