Home ТЕСТО НАЈПУФКАВИТЕ МЕКИЦИ ОД ТЕСТО КОЕ НЕ СЕ МЕСИ…Прсти да излижеш…

НАЈПУФКАВИТЕ МЕКИЦИ ОД ТЕСТО КОЕ НЕ СЕ МЕСИ…Прсти да излижеш…

НАЈПУФКАВИТЕ МЕКИЦИ ОД ТЕСТО КОЕ НЕ СЕ МЕСИ…Прсти да излижеш…Традиционален рецепт за меки и многу вкусни мекици…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г брашно
7 г сув квасец
30 мл масло
150 мл млако млеко
100 мл вода
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
2 јајца на собна Т

ПОСТАПКА:

1.Просејте го брашното и помешајте го со квасецот. Направете бунарче и тука сипете го маслото, млекото и водата, шеќерот, солта и едно јајце.

2.Мешајте со лажица додека состојките да се соединат во густо и лепливо тесто.

Одозгора посипете го со малку масло и со лажицата намастете ја целата површина, па покријте го со фолија и оставете го да ферментира 1 час додека да го удвои волуменот.

3.Во стасаното тесто додајте уште едно јајце и повторно со лажицата промешајте додека да се соедини и инкорпорира, за што ви се потребни 3-4 минути. Покријте ги и оставете го да стасува уште 20 минути.

4.Стасаното тесто повеќе не се размесува. Со намастени раце откинувајте од тестото и обликувајте ги мекиците. пржете ги во масло со длабочина 1.5 прст, загреано на умерена температура (7 од 9).

А, во текот на пржењето регулирајте и намалувајте на 5-6 или во зависност од вашиот шпорет.

5.При пржењето добро е мекиците повремено да ги полевате одозгора со врелото масло за да се формираат што повеќе меури. Постапката погледнете ја ОВДЕ.