Наједноставен колач на светот…Има феноменален вкус, а гостите секогаш бараат плус едно парче…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За подлога:
150 г пишкоти
200 мл млеко

За ганаш:
300 г чоколадо
200 г слатка павлака
100 г нутела

За крем:
500 мл слатка павлака
500 г маскарпоне или друго крем сирење
100 г шеќер во прав
2 лажички екстракт од ванила

ПОСТАПКА:

1.Сите состојки за ганаш сипете ги во еден сад, па растопете ги во микробранова печка. Промешајте да се изедначи и оставете настрана да се олади.

2.Изматете ја ладната слатка павлака во шлаг, па додајте го маскарпонето, шеќерот во прав и ванилата, па повторно со миксер изматете за да добиете мазен крем.

3.На дното од калап 20х27 см наредете пишкоти кратко натопувани во млеко. Врз нив распоредете половина од кремот, а потоа половина од ганашот. Оставете ја тортата 1 час во замрзнувач.

4.Потоа распоредете го остатокот од кремот и одозгора сипете го остатокот од ганашот (ако се згуснал, вратете го во микробранова).

5.Тортата оставете ја во фрижидер преку ноќ. Постапката погледнете ја ОВДЕ.