НАЈДОБРИОТ ПРЕЛИЕН КОЛАЧ…Сочен и мирисен…Брз и едноставен рецепт…Само измати, испечи, па полиј со сируп…
Добредојдовте во светот на едноставни и вкусни колачи! Денеска ви го откривам рецептот за еден од моите омилени колачи – прелиен колач кој е вистинско уживање…
Ова е колач кој се подготвува брзо и лесно, со состојки кои веќе ги имате дома. Неговата сочна текстура и богатиот вкус на комбинацијата од кокос, гриз и суво грозје натопени во рум го прават неодолив.
Совршено се вклопува во секоја пригода, без разлика дали подготвувате десерт за семејството, гостите или едноставно сакате да се почестите со кафе или чај. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 јајца
50-100 г шеќер
100 г брашно
100 г гриз
100 г кокос (оставете малку за посипување)
200 мл течен јогурт
100 г суво грозје (натопено во рум)
50 мл маслиново или обично масло (или стопен путер/маргарин)
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
рендана кора од еден лимон
За сируп:
200 г шеќер
сок од 1/2 лимон
70-100 мл вода
ПОСТАПКА:
Изматете ги белките со шеќерот додека да добиете цврст снег, па додајте ги жолчките и продолжете со матење. Потоа сипете ги течните состојки, промешајте со жица или шпатула, а на крај сувите состојки.
Кога ќе добиете мазна смеса сипете го и процеденото суво гризје. Смесата сипете ја во калап 30х25 см претходно намастен и набрашнет, па печете 30-40 минути во загреана рерна на 200 степени.
Додека се пече колачот пригответе го преливот: ставете да се вари 4-5 минути од моментот на зовривање на умерен оган. Печениот колач исечете го на коцки и полека прелијте го со топлиот сируп. Постапката погледнете ја ОВДЕ: