НАЈДОБРАТА БОЕМ ТОРТА…Нејзиниот вкус е просто фантастичен, а одлична е за сите поводи и прослави. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За филот:
12 жолчки
200 г шеќер
4 лажици скроб/нишесте/густин
4 лажици брашно
1 кесичка ванилин шеќер
600 мл млеко
400 г путер
200 г бело млечно чоколадо
200 г млечно чоколадо
Состојки за 3 кори:
12 белки
210 грама шеќер
300 грама лешници печени во рерна (10 мин)
4.5 лажици какао во прав
ПОСТАПКА:
1.Најпрво одвојте ги жолчките од белките и потоа префрлете ги белките во поголем сад. Изматете ги жолчките со шеќерот и ванилата. Потоа соединете со брашното и скробот.
2.Додајте го млекото, измешајте и оставете да зоврие. Намалете ја температурата и непрекинато мешајте додека да згусне како пудинг. Додајте го путерот и мешајте додека тој да се растопи и соедини со миксер.
3.Добиениот крем поделете го на два дела. Во едниот ставете црно чоколадо, а во другото бело чоколадо. И двете измешајте ги да се растопат и соединат со кремот. Оставете ги во фрижидер.
4.Изматете ги белките (4) додека да згуснат, а потоа постепено додајте го шеќерот (70 г) и матете додека да добиете цврст снег. Потоа додајте ги мелените лешници (100 г) и какаото (1.5), па нежно измешајте со шпатула.
5.Смесата распоредете ја во обложен калап со средна големина, околу 10 минути во рерна загреана на 200 Целзиусови степени. На ист начин подгответе ги и останатите две кори.
ФИЛУВАЊЕ: кора, кафеав крем, жолт фил, кора, кафеав крем, жолт фил, кора, кафеав крем, жолт фил. Декорирајте по желба. Пред послужување тортата изладете ја најдобро преку цела ноќ. Постапката погледнете ја ОВДЕ.