Наѓубрете ги вашите пиперки за да бидат големи и месести…Вашите соседи ќе бидат воодушевени…

Дали сакате да постигнете голем род на пиперки? Почестете ги со ова домашно ѓубриво, па дури и растенијата кои биле слаби ќе дадат многу плодови…

Пепелова вода

За висококвалитетно ѓубрење на пиперката, ќе ви треба пепел, бидејќи содржи калиум, кој е неопходен за растението.

Секој месец во лето, поѓубрувајте со пепелова вода (растворете 1 чаша чаша пепел во 10 литри вода).

НЕ ЗНАЕВ ЗА ОВА: Ги отстранува брчките и темните дамки од лицето, неверојатни резултати

На почетокот на растот, направете ѓубрење со раствор од квасец. Земете 100 грама квасец, разредете го во 5 литри вода и додајте малку шеќер. Оставете го да кисне на сонце 2-3 дена, па користете после наводнување за полесно да апсорбираат корењата.

Користете јод за зајакнување на имунитетот

Додајте 1 капка јод во 3 литри вода и потоа додајте 1 литар подготвено ѓубриво. Секогаш наутро или навечер истурајте во близина (не директно!) на корењата на влажна почва што претходно сте ја наводнувале со вода.

Аспирин како ѓубриво

Употребата на овој лек во градината е навистина универзална. Меѓу другото, делува и како одлично ѓубриво, а според студиите, аспиринот позитивно влијае на развојот на плодовите.

Растенијата кои се полевале со аспиринска вода еднаш на секои 3 недели давале поголеми и поздрави плодови. Сомелете 4 таблети аспирин и измешајте ги со 4 литри вода.

Аспиринот можете да го користите и како спреј

Измешајте 1 аспирин со 1 литар вода и употребете го овој раствор како спреј за растенијата во градината.

Нанесете го рано наутро, еднаш на секои 3 недели. Ова ќе ги заштити растенијата од разни габични заболувања.

Хранлив прелив (помешајте):

10 литри вода
1 шолја гранулирано ѓубриво (приближно 100 г гранули од кравјо, коњско или пилешко ѓубриво)

Оставете да кисне 4 часа за добро да се раствори ѓубривото. Оваа количина е доволна за околу 20 грмушки.

Измешајте го подготвеното ѓубриво пред нанесувањето и истурете околу половина литар на секој корен.

Не заборавајте дека ѓубривото мора да се нанесе на влажна почва, затоа претходно наводнете ги пиперките.

Квалитет на почвата

Пиперката сака pH на почвата од 6,5-7, па ако почвата е покисела, подгответе го овој раствор и нанесете го.

10 литри вода
1 чаша креда

Истурете ја ренданата креда во кофа со вода и измешајте да се раствори. Потоа истурете околу еден литар од овој раствор под секој корен од пиперка.

Мулчирање

Пиперките имаат корист и со мулчирање со, на пример, слама, што ќе помогне да се задржи влагата и да се ограничи растот на плевелот.

Со среќа!