Најубавиот рецепт за куглоф со ореви и пудинг од ванила, со мерки на чаша…Многу мек и вкусен…Ќе уживате во секој залак. Во морето од различни рецепти за куглоф, овој ми е омилениот…Сѐ се мери со чаша од 200 мл. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (состојките се мерат со шолја од 200 мл):

4 јајца,
1 шолја шеќер,
1 ванилин шеќер,
1 шолја масло,
½ шолја јогурт,
½ шолја млеко,
2 шолји брашно,
1 пудинг од ванила 40 г (не треба да се вари),
1 прашок за печиво 10 г и
1 шолја сечкани или мелени ореви

И УШТЕ За калапот за куглоф да се премачка добро и нароси:
30 г маргарин/путер или 2 лажици масло и
малку брашно.

Куглофот добро се намастува на дното и страните, а доколку е ребраст се внимава и на секој агол. Потоа се наросува со брашно, се протресува под сите агли за да се нафати брашното, а вишокот се истресува.

ПОСТАПКА:

Најубавиот куглоф со ореви и пудинг од ванила, мек е како душа и мириса неодоливо – мерки на чаша