Станува збор за вид печурка која е позната како гастрономски дијамант или бел тартуф. Нејзината вредност достигнува помеѓу 2.000 до 8.000 евра по килограм.
Тешко се пронаоѓа, бидејќи расте на диви места и не може вештачки да се одгледува. Покрај специфичните услови за развој, тартуфите имаат единствена арома која се добива со комбинација на дожд и недопрена почва, што дава посебна нота на ова јадење.
За големо чудо, Балканот лежи на овие бели дијаманти, бидејќи е потврдено дека постојат неколку стотици локации на кои се пронајдени неколку видови тартуфи. Поточно, 13 вида- што е речиси половина од сите познати европски видови тартуфи.
Тартуфите се здрави бидејќи ги обновуваат мозочните клетки и го јакнат организмот. Најредок од сите тартуфи е белиот тартуф.
Побарувачката за тартуфи е огромна. Во Америка може да пронајдете среден хамбургер со тартуфи кој чини 5.000 долари, а килограм чоколадо наросено со тартуфи чини 6.000 долари.