МОЦАРТ КОЦКИ…Едноставен колач со ореви и пудинг…превкусен…Фотографија и рецепт на Зденка Шилац.
Потребни состојки: 5 јајца, 180 г шеќер, 200 г брашно, 1 прашок за печиво, 200 мл млеко, 200 мл масло и 10 големи лажици мелени ореви (јас ставив бадеми, а може и лешници или мешавина)
За крем: 500 мл млеко, 2 лажици брашно, 1 пудинг од ванила (јас ставив од карамел), 250 г шеќер и 200 г путер или маргарин.
Постапка: добро изматете ги јајцата со шеќерот. Додајте масло и млеко, а на крај брашно помешано со ореви и прашок за печиво.
Убаво промешајте со лажица за да се изедначи смесата. Добиената смеса излејте ја во плех обложен со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.
Печената кора оставете ја да излади, па пресечете ја хоризонтално да добиете две кори.
Сварете го пудингот со брашното и шеќерот и оставете го да излади. Во изладениот пудинг додајте путер исечен на листови и измиксајте да добиете убав крем.
(или претходно изматете го путерот на собна температура, па додајте го во пудингот). Филување: кора – крем – кора – крем и одозгора се посипува со ореви, лешници или бадеми и течно чоколадо. Добро изладете пред послужување.
Фотографија и рецепт на Зденка Шилац