„Многу едноставен рецепт што секој може да го направи. Состојките се едноставни, а доколку во моментов ги немате дома, секако ги има во најблиската продавница. Топло ви препорачувам да ги подготвите и да уживате во овој вкусен десерт со шолја кафе“, вели Алмира од каналот “Кухај и пеци.“ Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ОСНОВАТА: 5 јајца, 4 лажици шеќер, 4 лажици брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво, 100 г рендано чоколадо за готвење. ЗА КРЕМОТ: 1 литар млеко, 4 лажици шеќер, 3 пудинзи од ванила, 200 г путер. ЗА ГЛАЗУРА: 1/2 литар слатка павлака, 300 г чоколадо за готвење.

ПОСТАПКА ЗА ОСНОВАТА: Јајцата оставете ги да отстојат на собна температура, па потоа скршете ги во еден подлабок сад. Како што може да забележите за основата не се користи масло, ниту млеко. Измиксајте ги кратко јајцата додека да запенат, па додајте 4 лажици шеќер и сѐ изматете пенасто.

Кога смесата ќе стане волуменозна, а јајцата ќе побелат и шеќерот ќе се растопи, просејте 4 лажици брашно. Кратко соединете на најмала брзина со миксерот, пред да ги додадете останатите состојки, за да превенирате грутки.

Потоа просејте го и прашокот за печиво, па на крајот изрендајте го и чоколадото (100 г). Чоколадото може и ситно да се исечка, на кој како му е полесно. Лесно соединете со миксерот. Подгответе си плех со стандардна големина и малку намастете го на дното и по страните со помош на кујнска четкичка.

Излејте ја смесата за основата, распоредете ја низ плехот, па истресете го малку од рамната површина за да излезат евентуалните насобрани воздушни меурчиња. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени, а основата печете ја 15-20 минути. По печењето, се остава целосно да се излади.

ЗА КРЕМОТ: Од вкупната количина млеко издвојте околу 100-150 мл, а остатокот сипете го во тенџере да зоврие, со 4 лажици шеќер. Во издвоеното млеко измешајте ги трите пудинзи, па кога млекото ќе ја постигне точката пред вриење, излејте ја мешавината.

По потреба, намалете ја температурата на ринглата за да не ви загори, па гответе додека да ја добиете посакуваната густина. Тргнете го пудингот настрана и оставете да се олади. Измиксајте го путерот пенасто, па постепено соединувајте го со целосно оладениот пудинг.

На крајот подгответе ја глазурата така што на рингла или на пареа ќе го растопите чоколадото во замлачената слатка павлака. РЕДЕЊЕ: Излејте го оладениот крем преку основата, добро израмнете, па прелијте ја глазурата. Колачот мора добро да се олади пред послужување. Деталите погледнете ги ОВДЕ.

ПРОЧИТАЈТЕ СЛЕДНО: Бисквитни монте коцки готови додека го испиете утринското кафе – се топат во уста – ОВДЕ.