Овој лек одамна и неколкупати го имаме постирано на нашиот портал, сè со цел да им се помогне на оние кои мака мачат со тешките и наводно, неизлечиви бактерии.
Жената која јавно го обелодени рецептот, меѓу другото напиша дека пробала сè и сешто за да ја искорени бактеријата, но таа секогаш се враќала, додека не го пробала лекот на калуѓерката Љубица Ковач. Ви ја пренесуваме сторијата во целост:
“Потекнувам од религиозно семејство, ги почитуваме сите верски празници и ги постиме сите поважни пости. Уште кога бев мала ме носеа во манастири и цркви, каде и да одевме, па дури и кога бевме на летување, честопати ги посетувавме црквите или манастирите и одевме на Богослужби.
Лани закачив бактерија, Ешерихија коли, па пиев неколку дози антибиотици, но по некое време таа повторно се активираше. Еднаш дури и ме хоспитализираа и тогаш конечно, откако излегов мислев дека сум спасена од оваа досадна бактерија. Но, по неколку месеци, кога веќе мислев дека е зад мене, повторно во наодот ми открија дека имам бактерија.
Ми помогна една калуѓерка од Хрватска со која се запознавме кога бевме на одмор таму, ми го даде овој рецепт, па сакам да го споделам со вас, можеби некому ќе му помогне. Лекот е природен и навистина е ефикасен, еве јас сум жив доказ за тоа.”
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 г корен од магдонос
250 г лимон со кора (ако не е домашен, истретирајте го со сода бикарбона)
200 г мед
200 мл маслиново масло (ладно цедено, квалитетно)
ПОСТАПКА:
Коренот од магдонос измијте го, па сомелете го на машина, а исто така и лимонот. Сето заедно измешајте, па тоа додадете го во 200 г мед и 200 мл маслиново масло. Складирајте во чиста стаклена тегла.
УПОТРЕБА:
Земајте по една голема лажица пред појадок, една пред вечера, додека да се потроши целата содржина.
После консумирањето на лекот направете крвна анализа. Ако сè уште е присутна бактеријата, лекот повторете го со уште една доза. Не прекинувајте додека целосно не ја сотрете бактеријата.