Станува збор за настан кој се случил во Сараево, каде еден ученик заминал на часовите неподготвен.
Не знаеме дали тестот бил изненадување или однапред бил најавен, но овој ученик кога се соочил со листот на кој биле испишани прашањата, се досетил и одговорил на еден многу интересен и необичен начин.
Имено, на тестот тој наместо да одговори на прашањата, ја замолил наставничката да “му прогледа низ прсти” (кои исто така и ги нацртал) и да му дозволи тестот да го реши на следниот час.
Тој само побарал екстра време за да се подготви вистински за испитот.
Момчето за кое се вели дека е од основно училиште, признало дека немало време да се подготви за тетстот, но наставничката сепак немала милост и му ставила единица, а му напишала и кратка порака.
– Погледнав низ нив и ништо не видов, само празен лист. Недоволен 1- било оценувањето на суровата наставничката.
NIje mu progledala kroz prste pic.twitter.com/zxqzdN0gED
— pensador (@sakriosamime) April 5, 2018