Молитвата е вид комуникација со Бога. Човекот отсекогаш се стремел да оствари контакт со Бога. Секогаш молете се со покајно и смирено срце и чиста совест.

Се што е кажано во молитвата, треба да го разбирате со внимание, внимавајте на смислата на зборовите. Молитвата треба да се заснова на непоколеблива вера и надеж дека Бог ќе ни го даде она што го посакуваме.

I Молитва за исцелување

Честопати кога се молиме за да се случи некое чудо во нашиот живот, ние исто така се молиме за исцелување. Гледаме многубројни примери за исцелување во Библијата, кои се случуваат со помош на моќта за исцелување на Исус. Истото е можно и во нашиот секојдневен живот:

Господе Исусе, исцели ме. Исцели во мене, сè она што сметаш дека треба да биде исцелено. Исцели ме од сето она што може да ме одвои од тебе. Исцели го моето памтење, моите чувства, мојот дух и тело и исцели ја и мојата душа.

Нежно стави ги твоите раце врз мене и исцели ме преку Твојата љубов за мене.

Те молам во Исусово име,

Амин

II Молитва за моќ и чу-до

Моќта на чу-дата сведочи дека Божјиот допир е секогаш близу до нас. Многу е важно ние да бидеме свесни за Бога, на работа и секојдневно во нашиот живот во сите моменти. Моќта на чу-дото може да се случи во вашите животи, тогаш кога ќе имате вера и доверба дека чуда навистина може да се случат.

Небесен Татко, јас го отворам моето срце широко, за да ја примам Божјата љубов.

Кога ја примам Божјата љубов како дар за секого од нас, сите нешта во мојот живот се исцелуваат.

Јас ја сфаќам и ја прифакам универзалната исцелителна моќ- како љубов, и дозволувам исцелувачката моќ љубовта да влезе во мојот живот.

Подготвено ја прифакам исцелителната моќ на љубовта во мојот живот и ја познавам таа моќ како љубов. Бог е неограничен и изобилен извор на љубов во мојот живот.

Го чувствувам излевањето на Божјата љубов во моето тело и ум. Ја чувствувам Божјата љубов во сите нешта во мојот живот и знам дека сè е добро.

Те молам во Исусово име,

Амин

III Молитва за вера, за секогаш да веруваме

Кога се молиме за чу-да, важно е да сфатиме дека и ние сме чудесни суштества. Ние немаше да бидеме овде, без моќта на Божјата рака и без делувањето на неговата чудесна моќ. Кога ние веруваме во оваа моќ, сите нешта се возможни.

Исусе, твоите чудеса се вистинската манифестација на Твојата божественост, и предизвикуваат восхит кај душите кои те бараат. Никогаш не дозволувај да се каже: “Чу дата не постојат! Ти си жив пример дека чу дата постојат.

Благослови ме со вера за секогаш да верувам, да ја потврдам и прифатам Севишната моќ на Твоите чу да, било да се чу дата од физичка или од духовна природа.

Дај ми способност веднаш да го согледам изворот на сите натприродни појави. И само твојата извонредност да се прославува. Исусе, моето постоење е прекрасно чу до.

Те молам во Исусово име,

Амин

Кога еднаш ќе го направите ова, чувствата на б олка и очај ќе исчезнат. Чу дата на Исус можат да го променат вашиот живот, а тие чу да започнуваат кога ќе почнеме да веруваме.

II дел 

Чу-дата сепак се случуваат, а единственото нешто што ни е потребно за чу-до е божествена сила која ќе овозможи да се случат натприродни работи кои не ги следат веќе познатите физички закони.

I Молитва за она што само Бог може да го направи

Не ги ограничувајте вашите молитви само на едноставни ситуации кои немаат потреба од голема божествена интервенција за да се променат. Наместо тоа, стекнете навика за молитва наменета за големи работи кои само Бог може да ги направи.

На пример, наместо да се молите за работниот ден да помине во најдобар ред, молете се за поголема цел и визија за вашата професија и за храброст за да го исполните тоа, дури и ако ова значи да најдете друга работа.

Поканете го Бога да направи нешто извонредно моќно во секоја ситуација која ќе ја изнесете пред Него:

Господе, јас се молам за она што само Ти можеш да го направиш.

Јас се молам за чу до. Јас го знам изворот од кој доаѓа таа сила. Јас верувам во Тебе, дека ќе ми пратиш знак.

Научи ме мили Господе да искусам чу до. И ако е по твоја волја, јас ќе чекам, подготвен да го примам моето чу до денеска.

молам во Исусово име,

Амин

II Молитва за Божја сила која ќе ни помогне да ги добиеме духовните бор-би

Никогаш нема да изгубите бит-ка ако се бо-рите со Божја сила која доаѓа накај вас.

Затоа не се потпирајте на вашите ограничени сили, молете го Бога да ви даде сила за да се изборите со секоја ситуација, и да може оваа сила да ви овозможи да се случат чу-да:

Мили Господе, во името на Исус, ние те молиме да застанеш против постојаните де монски влијанија, духовни на-пади и ро-бувањата.

Ние веруваме дека Ти имаш чу-десна моќ и сила да го по-бедиш најтемниот не-пријател, да ги скршиш најсилните препреки, и да го замолчиш најголемиот измам-ник.

Твоето име е Достоен, Славен, Семоќен во силата и денес ние прогласуваме победа, во Твое име. Испрати ни ги Твоите најмо ќни вои-ни да ја извој-уваат оваа би-тка за нас.

Господи, за Тебе тем-нината сјае како светлината преку ден. Свети со Твојата светлина врз нас, ослободи нè, дај ни мир, и избави не од не-пријателот.

Те молиме во името на Исус,

Амин

III Молитва за чу да кога се б ориме самите со себе

Кога нешто лошо ќе се случи, немојте да упатите само неколку кратки молитви за Божја помош, и потоа да потонете во обесхрабрување ако ситуацијата наскоро не се промени на подобро.

Наместо тоа, цврсто фатете се за Божјите ветувања и бо-рете се за да ги откриете во својот живот. Ако сте подготвени за чу-да, бидете упорни, и молете се додека Бог да ви даде одговор.

Небесен Татко, чувствувам дека се откажувам. Помогни ми да се сетам на причината поради која започнав. Помогни ми да ја видам целта позади Твојот план. Овозможи ми ја неопходната милост.

Дозволи да останам пред Твоето лице, и да најдам сила за следниот чекор, да ја откријам верата која ќе ми овозможи да продолжам да се обидувам и да верувам дека чу-дата се возможни и денес и во сите останати ситуации.

Те молам, во Исусово име,

Амин

Кога веќе еднаш ќе го направите ова, чувствата на болка и очај ќе исчезнат. Чудата на Исус можат да го променат вашиот живот, а тие чуда започнуваат кога ќе почнеме да веруваме. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска