Вчера го правев колачот и навистина yживавме сите во него. Го препорачувам да си го направите, можете и за Велигден, таман да се заблажите со нешто вкусно и сочно. Порано го правев по сличен рецепт, но овој со мерки на чаша ми е десетпати полесен.
Подготовката е многу едноставнa, не е некој сложен процес како за други торти и колачи. Покрај тоа не треба да чекате колачот да се излади, многу е убав кога е топол, се чувствува најмногу сочноста, а чоколадото се разлева низ целата ycта како слатка фантазија. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 јајца, 1 чаша шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 чаша масло, 1 чаша млеко, 2 чаши брашно, 4 супени лажици какао, 1 кесичка прашок за печиво. ЗА ГЛАЗУРА: 1 чаша шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 1/2 чаша масло, 5 лажици какао, 3 чаши млеко, 100 г чоколадо. За мерка се користи чаша од 200 мл.
ПОСТАПКА: во еден сад со миксер изматете ги јајцата. Кога ќе станат пенасти додајте го шеќерот и продолжете со матење додека да се растопи. Додајте го ванилиниот шеќер, маслото, млекото и убаво соединете ги состојките.
Постепено додавајте го брашното додека постојано матите со миксерот, па убаво инкорпорирајте ги сите состојки, без покрупни остатоци од брашното. На крајот додајте го какаото и прашокот за печиво, па убаво измешајте до соединување.
Излејте ја смесата во калап со димензии 32х21 см и ставете на печење во претходно загреана рерна на 180 степени. Печете околу 30 минути. По печењето, колачот се избоцкува со чепкалка на неколку места, па се сече на парчиња коцки.
ПОДГОТОВКА НА ГЛАЗУРАТА: во помало тенџере ставете го шеќерот, ванилата, маслото, какаото и млекото. Ставете на рингла вклучена на средна температура и оставете млекото да зовие. Потоа со постојано мешање направете глазура. Варете уште неколку минути.
Глазурата се трга од рингла и додека е уште топла се прелива врз колачот. Оставете малку да се подизлади, па потоа веднаш послужете. Одозгора по желба наросете со ситно сечкани ореви. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.