Очните капаци може да почнат да „паѓаат“ поради многу фактори како што се наследноста, долготрајните животни навики и стареењето. Едноставно кожата станува опуштена поради ослабување на околното мускулно ткиво.

Постои природен и органски лек за спуштени очни капаци кој многу лесно се прави, а сè што ви е потребно е едно јајце.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: една белка од јајце и еден памук

Инструкции: исчистете ја шминката од очниот капак и исушете ја кожата со нежно тапкање на памучна ткаенина. Потоа натопете памук во белката и затворете го капакот.

После тоа, треба нежно да го протриете очниот капак со беби-стапче за уво. Не треба многу време да го правите ова.

Чувајте ги очните капаци затворени и почекајте додека да се исуши. Внимавајте да не ви влезе белката во очи. Седнете пред вентилатор за да го забрзате сушењето.

Тоа е сè! Обидете се повторно ако не сте задоволни од првиот пат. Можете да го примените ова неколку пати (малку пониско или повисоко) додека да откриете точно каде најдобро делува. Крајните резултати ќе ве воодушеват.

Имено, додека белката се суши, таа ја затега кожата. Но, овие резултати не се долгорочни, па затоа се препорачуваат комбинирано да правите една специфична вежба кога долгорочно ќе помогне во подигање на очните капаци.

ВЕЖБА

Се изведува во три дела, со повторување од 50 пати. Прстите поставите во облик на буквата „С“, така што ќе ги опфатите (заокружите) очните дупки, како да се обидувате да ги раширите очите (погледнете во видеото на 2:10 минута).

Не притискајте, туку едноставно направете 50 отворање и затворање на очите додека гледате пред вас. Потоа, повторете 50 пати додека гледате нагоре под агол од 45 степени (не повеќе од тоа) и уште 50 пати додека гледате надолу, исто така под агол од 45 степени, не подолу.

Ако гледате повисоко или пониско од 45 степени, ќе направите затегнување на кожата во аголот од окото, што не се препорачува за овој проблем. Откако ќе ја завршите вежбата затворете ги очите во времетраење од 20 секунди.

НАПОМЕНА: Не треба да притискате со раката или да ја растегнувате кожата. Не правете повеќе од 50 повторувања во серија, зашто ќе го изморите окото и ќе направите контраефект. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.