Потребни состојки:

500 г бисквити мелени

250 г путер/маргарин растопен

1 шолја шеќер

1 шолја кокос

1 шолја мелени ореви

какао по желба

малку млеко

За глазура:

Чоколадо за готвење

3 лажици масло

Постапка:

Во мелените бисквити додадете ги останатите состојки, измесете и по малку додавајте млеко колку да не е многу густа смесата. Внимавајте да не ставите премногу, смесата ќе биде мека.

Од смесата ставајте во калап за цедење лимон (од обратната страна) и така формирајте ги шубарите кои имаат облик на собрано сено.

Чоколадото растопете го со масло, ако е густо додадете млеко. Секое колаче со врвот потопете го во глазурата и оставете во фрижидер да се стегне.