Многу вкусен колач со семе од афион…Брз, лесен и исклучително вкусен! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се користи чаша од 200 мл):

2 чаши млеко
2 чаши шеќер
3 чаши брашно
1 чаша масло
12 г прашок за печиво
200 г семе од афион (мак)
1 лажичка цимет
10 г ванилин шеќер

Се пече на 180 C / 356 F степени околу 30 минути

За глазура (соединете):
40 г путер на собна Т
1/2 чаша шеќер
1/2 чаша какао во прав
1/2 чаша млеко

ПОСТАПКА:

Со жица маталка помешајте млеко, шеќер, брашно, масло и прашок за печиво. Во хомогената смеса додајте семе од афион, ванилин шеќер и малку цимет за вкус.

Смесата сипете ја во калап со средна големина, намастен со путер и печете 30 минути во загреана рерна на 180 степени.

За глазура: изматете го путерот со миксер или со виљушка, па редоследно додавајте ги состојките и мешајте додека да добиете мазна конзистенција. Сипете преку оладениот колач. Изладете пред сечење.

Деталите за подготовката погледнете ги во видеото ОВДЕ:

Колач со мак, брзо, лесно, вкусно, може и посно, се меша со лажица…Со овој рецепт не можете да згрешите (5 рецепти)