Многу вкусен посен колач со јаболка…Се топи во уста…Фотографија и рецепт на Сефка Ракиќ. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
3 шолји рендани јаболка,
1 шолја шеќер или ½ по вкус,
1 шолја масло,
1 ванилин шеќер
малку цимет по вкус,
1 портокал – сок (по потреба),
2 шолји брашно,
1 шолја рогач (или брашно),
1 прашок за печиво и
1 лажичка сода бикарбона
Постапка:
Измијте ги јаболката и излупете ги, па изрендајте ги. Ако не се многу сочни во нив сипете малку сок од портокал. Додајте ги сите останати состојки и добро промешајте за да се изедначат.
Добиената смеса излејте ја во намастен помал плех и оставете така да отстои околу 20 минути.
Потоа ставете го во ладна рерна и печете околу 40 минути на 180 степени. Кога е готов, јас го премачкувам со некој убав џем од кајсии или цреши и одозгора го преливам со пудинг сварен во течноста од компот.
Не мора пудинг да ставате, многу е вкусен и самиот колач без додатоци. Преку пудингот посипувам кокос, ореви или што имам. Многу е вкусен, особено во денови на пост.
Фотографија и рецепт на Сефка Ракиќ