Многу едноставен колач кој се приготвува од вообичаени состојки. За сите љубители на чоколадниот вкус, ќе бидат воодушевени од оваа многу вкусна комбинација: пудинг од чоколадо, банани, кекси и кокос. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 мл млеко, 2-3 кесички пудинг со вкус на чоколадо (90 г), 4 супени лажици шеќер, 100 г несолен путер, 300 к бисквити по ваш избор (може петит или плазма), 3 супени лажици кокосово брашно, 2 банани, 100 мл врело млеко, 120 г темно чоколадо




ПОСТАПКА: Во едно тенџере ставете 800 мл млеко и додајте 90 г чоколаден пудинг во прав. Додајте четири супени лажици шеќер и промешајте со жица маталка додека да се изедначат состојките и да нема грутчиња.




Тенџерето ставете го на оган и загревајте го на умерена температура. Мешајте го повремено, а откако ќе зоврие непрекинато мешајте го додека да се свари и згусне. Потоа тргнете го настрана и додајте 100 г несолен путер исечкан на помали парчиња.




Промешајте со маталката додека путерот да се растопи и да се инкорпорира во смесата. Додека сè уште е топол, во пудингот искршете 300 г бисквити по ваш избор. Кршете ги со рака, може да има покрупни и поситни парчиња, како ќе ви дојде.




Тенџерето треба да биде поголемо затоа што целото ќе се исполни. Промешајте со лажица за да се натопат сите бисквити подеднакво. Потоа додајте три супени лажици кокосово брашно и две банани исечкани на тенки тркалца.




Повторно промешјте додека да се изедначт сите состојки. Потоа подгответе го калапот за торти со флексибилен обрач со пречник 24 см. Обложете го со проѕирна фолија или пак обрачот поставете го врз десертна чинија.




Смесата рамномерно распоредете ја во калапот и израмнете. Внимавајте да не ви останат празнини во внатрешноста. Калапот тргнете го настрана, па пригответе го преливот. Загрејте 100 мл млеко, па тргнете го и додека сè уште е врело додајте 120 г темно чоколадо искршено на коцки.




Мешајте додека чоколадото целосно да се растопи, а потоа прелијте го врз колачот. Оставете го колачот да се лади во фрижидер најмалку 2 часа пред послужување. Потоа со остар нож малку одделете го од обрачот и отстранете го, па счете ја тортата и послужете ја.