Рецепт и видео прилог на Домашни Рецепти – Баклава.
Ова е рецепт за многу вкусна баклава, каква досега не сте пробале – сите ќе ви го бараат рецептот! Една од омилените слатки е сигурно токму баклавата.
Потребни состојки:
500 г мелени ореви
500 г блендирани или ситно сечкани ореви
1 кг домашни тенки кори
1,2 кг кристал шеќер
250 г путер
1 лимон – сок
Постапка:
Во еден поголем сад измешајте ги оревите. Од вкупната количина шеќер, во оревите додадете 5 полни лажици и промешајте. Потоа потребни се две тенџериња, едно поголемо и едно помало, а во помалото ставете 12 лажици шеќер (од вкупниот шеќер кој преостана), а остатокот шеќер ставете го во поголемото тенџере и додадете 1 литар вода. Во помалото тенџере ставете 250 мл вода.
На оган ставете го поголемото тенџере, па откако ќе зоврие варете 15 минути (ова е сирупот за прелевање на печената баклава). После 15 минути тргнете го оган и веднаш, во врелиот сируп додадете сок од еден лимон. Оставете го целосно да излади.
Потоа на оган ставете го помалото тенџере и почекајте да зоврие со повремено мешање. Од моментот на вриење оставете да се вари 5 минути (овој сируп е погуст и полеплив од првиот). И двата сирупа се тргаат на страна убаво да се оладат.
Ва тивок оган растопете го путерот. Корите отворете ги и израмнете ги според величината на вашиот плех. Одвојте 7 кори кои ќе бидат ставени на дното и 5 кори кои ќе се стават најгоре. Остатокот од кори се редат помеѓу.
Плехот премачкајте го со растопениот путер. Потоа ставете ја првата кора, па втората, на испрскајте со малку путер. Постапката повторете ја со 3., 4. и 5. кора. Прелијте со путер, па ставете ги последните две кори. Врз седмата кора не се става путер, туку обилно се наросува со мешавината од ореви.
Потоа се става една кора, малку путер, втора и трета кора, путер, потоа две кори без путер. Повторно обилно ставете мешавина од ореви. Оваа постапка се повторува до крај. На крај се става една кора, малку путер, втора кора, малку путер, трета кора, малку путер и последните две кори. Кората исечете ја (погледни видео за начинот на сечење).
Одозгора прелијте ја баклавата со остатокот од путерот. Во меѓувреме баклавата загрејте ја на 150 степени. Ставете ја да се пече (поточно да се суши) околу еден час, додека да добие златно жолта боја. Потоа врелата баклава прелијте ја со ладниот шербети оставете да се олади. Откако ќе се олади прелијте ја и со вториот, погустиот сируп.
Легендата вели дека баклавата е најдобро да се послужи следниот ден, но јас не познавам никој кој тоа го сторил, затоа што таа е толку примамлива што секој сака веднаш да ја проба. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: