Кромидот е намирница која е нашироко позната по своите лековити и превентивни својства за многу болести. Може да се најде во текот на целата година, но најдобри ефекти за здравјето има во пролет, па затоа се нарекува и пролетен кромид.
Младиот кромид е многу честа и важна компонента, ширум светските кујни, од Азија до Америка, особено во пролетната сезона. Неговиот специфичен вкус го прави незаменлив додаток во многу јадења и специјалитети во нашата, македонска кујна.
Припаѓа во истото семејство со кромидот, лукот и празот. Важно кај младиот кромид е што тој се јаде целосно и кога е свеж. Тоа нè обезбедува со сите негови компоненти кои има да ни ги понуди. Тие компоненти даваат низа на позитивни влијанија врз нашето здравје.
Може да се најде во текот на целата година, но најдобри ефекти за здравјето има во пролет, па затоа се нарекува и пролетен кромид.
Ако ги анализираме нутритивните вредности на стариот и младиот кромид, ќе забележиме дека младиот кромид е побогат со некои витамини и минерали, па затоа слободно може да се нарече еликсир на здравјето.
Во 100 г млад кромид се содржат: 32 калории, 7.3 г jаглехидрати, 1.8 г протеини, 0.2 г масти, 2.6 г растителни влакна, 259% од дневниот препорачан внес на витамин К, 31% од дневниот п.в. на витамин С, 20% од д.п.в. на витамин А, 16% од д.п.в. на витамин В9, 8% од д.п.в. на железо, 8% од д.п.в. на калиум, 8% од д.п.в. на манган, 7% од д.п.в. на калциум, 5% од д.п.в. на магнезиум и 5% од д.п.в. на витамин В2
Младиот кромид ги содржи во поголема количина витамините Ц и К, кои се од клучно значење за минерализација на коските и чување на нивното здравје и цврстина, а исто така го поддржува имунитетот и помага за негово зајакнување.
Витаминот А, во составот на младиот кромид се наоѓа во форма на провитамин, кој во организмот се претвора во ретинол, кој пак е неопходен за зачувување на здравиот вид.
Корисниот и здрав млад кромид, благодарение на големата количина на флавоноиди во својот состав ја поттикнува работата на имунолошкиот систем, го инхибира (спречува) создавањето на слободните штетни радикали и му помага на организмот да се одржи витален и здрав.
НАРОДНА МЕДИЦИНА:
Воспаление на грло. Ситно исечкајте го младиот кромид, а за да ги засилите неговите својства, промешајте го со малку изрендан ѓумбир и сол, па ставете ја смесата на топла крпа. Топлата крпа завиткајте ја во уште една крпа и ставете на воспаленото место, околу вратот или градниот кош.
Отечени нозе. Младиот кромид варете го неколку минути. Изблендирајте го додека смесата да се претвори во паста или каша. Со пастата намачкајте ги отечените делови. Исто така, на разни отоци можете да ставате и облози од ситно сечкан стар кромид.
Растечен нос. Изрендајте го кромидот и во добиениот сок натопете парче памук, па нанесете го на подрачјето на синусите. вака натопени парчиња памук може да ставате и во внатрешноста од ноздрите во времетраење од 5-1- мин (мах 15 мин) за да го извлече секретот од синусните канали.
МЛАД КРОМИД. Одличен е за здравјето на срцето, бидејќи помага во намалување и спречување на таложењето на масните наслаги во кр-вните садови, со што овозможува подобар кр-воток и намалување на ризикот од тромбоза.
Една од поважните придобивки од пролетниот млад кромид е тоа што поради присуството на хром, има успешно влијание во регулирањето на шеќерот во кр-вта.
За тоа придонесува и стимулирачкото дејство за лачење на инсулин, кој е одговорен за одржување на нивото на шеќер во кр-вта во нормални граници, од што може да се заклучи дека претставува фантастична храна за дијабетичари.
Младиот кромид помага во одржувањето на здраво срце
Некои студии правени на животни укажуваат дека младиот кромид се покажал одличен во намалување на нивото на холестерол во кр-вта, намалување на нивото на триглицеридите, како и подобрување на протокот на кр-вта во крвниот систем. Сите овие фактори се тесно поврзани со здравјето на срцето.
Покрај тоа, високата концентрација на витаминот К во младиот кромид, исто така може да помогне во одржувањето на здраво срце. Имено, витаминот К делува превентивно на задебелувањето на артериите преку спречувањето на формацијата на калциумови депозити на нивните ѕидови.
Младиот кромид помага во намалувањето на телесната тежина
Младиот кромид има навистина ниска калориска вредност. Ова го прави одличен за додавање во здравиот начин на исхрана при сла-беење. Исто така, нешто што е многу важно за процесот на сла-беење – младиот кромид содржи солидно количество на растителни влакна. Растителните влакна се храна за цревната микрофлора и помагаат во постепеното дигестирање на храната.
Ова постепено дигестирање води кон постепеното испуштање на глукоза во кр-вта, што прави да сме сити подолго време. Некои научни студии, спроведени на животни укажуваат и на делување на младиот кромид врз забавувањето на експресијата на некои гени кои се поврзани со дебелината.
Поседува имуностимулирачко дејство
Ваквото дејство на младиот кромид се должи пред сè на присутниот витамин С. Неговото антиоксидативно дејство му помага на имуниот систем во превенцијата од инфекции.
Студија објавена во престижното списание Food Chemistry, се занимавала со изолирање на специфична компонента од младиот кромид. Оваа компонента покажала имуностимулирачко дејство преку стимулирањето на продукцијата на поголем број антитела. Антителата имаат клучна улога во борбата против грипот или инфлуенцата.
Го подобрува здравјето на коските
Еден од најважните микронутриенти за коските, покрад витаминот Д и калциумот, е исто така, и витаминот К. Младиот кромид е особено богат со него. Овој витамин го подобрува здравјето на коските преку зголемувањето на продукцијата на одредени протеини кои се потребни за одржување на нивото на калциум во коските и зголемување на густината на коските.
Повеќе научни студии го потврдуваат позитивното дејство на витаминот К врз здравјето на коските. Тука спаѓа и позитивно дејство во намалувањето на ризикот од развој на остеопороза, како и ублажување на нејзините симптоми.
Може да помогне во превенцијата од канцер
Младиот кромид содржи компонента наречена алицин. Оваа компонента е добро позната компонента кога станува збор за превенцијата од некои типови канцер. Една кинеска студија укажува на моќно дејство на алицинот во третманот на канцерот на желудник.
Студија пак, на националниот институт за канцер на Мериленд, покажала дека зголемената консумација на млад кромид е во релација со 30% помалиот ризик од развивање на канцер на простата.
Секако, потребни се повеќе студии за конечно потврдување на ваквото дејство на младиот кромид, но досегашните укажуваат дека оваа храна има потенцијал да биде означена како добра превентива од некои типови канцер.