Овде во Хрватска за вариво велиме „чушпаз“, а името доаѓа од германското „Zuspeise“ што значи прилог (прилог на јадење). Меѓутоа, за мене варивата честопати се доволни и како главно јадење, па така и ова – Петало.




Сигурно сите знаете како се приготвува вариво од боранија, но од рецепти никогаш не е доста, секогаш може да се научи нешто ново. Секој има некој свој начин или некоја своја тајна состојка, па сите предлози и совети се добредојдени. Првиот рецепт е динстана боранија на кромид, а вториот рецепт е динстана боранија на путер.




Потребни состојки: 500 г млади мешунки, 1 главица кромид, 1 чешне лук, 1 домат, магдонос, васец, малку путер или маслиново масло (или мешавина од двете) и малку бело вино




Боранијата убаво измијте ја со ладна вода, исцедете ја, па исчистете ја од крајчињата и исечете ја на парчиња со големина по ваша желба или оставете ги долгнавести какви што си се.




Растопете околу една лажица путер, или пак загрејте малку маслиново масло во тава и додајте ситно сечкан кромид. Запржете го со постојано мешање додека да омекне и да застакли.




Потоа додајте ситно исечкано лукче и домат (исто така, исечкан на коцки), па кратко пропжете. Потоа додајте ги исчистените мешунки и додајте малку вода или бујон доколку имате.




Посолете и запиперете. Гответе со постепено додавње на вода/бујон, додека мешунките да омекнат. Пред крај додајте малку вино за вкус, ситно сечкан магдонос и власец или некои зачини по ваш вкус.




Доколку не постите, за малку посилен вкус, пред да го додадете кромидот, во маслото запржете малку сечкана сланина. / Петало / Сооlinarika.com Еве уште еден рецепт, како се приготвуваат динстани мешунки без додатоци:




„Ашмалцани“, „пирјани“, „динстани“ – секој има свој назив и рецепт, но еве еден мој, според постапката на баба ми и мајка ми, како што тие ме научија да ја правам, многу одамна – Сања.




Потребни состојки: 500 г мешунки, 1 главица кромид, 1-2 лажици сув зачин (вегета), 1-2 лажички црвена слатка мелена пиперка, неколку лажици путер/маст/масло, сол, црн пипер, по желба малку сечкан магдонос




Постапка: измијте ги мешунките, потсечете им ги краевите и повлечете ги „конците“, па сварете ги во малку насолена вода, колку 1-2 см да бидат прекриени. Кромидот ситно исечкајте го и издинстајте го на путер/маст/масло. Додајте ги мешунките и динстајте ги поклопени со повремено мешање, 15-20 минути додека да омекнат.

По потреба долевајте по малку вода или бујон. На крај зачинете со сув зачин, црн пипер, сол, црвен пипер и уште кратко промешајте. На крај кој сака може да додаде ситно сечкан магдонос. / Сања / Сооlinarika.com

Динстана боранија / Шефка Ракич
Динстана боранија / Шефка Ракич
Динстана боранија / Петало
Динстана боранија / Шефка Ракич
Динстана боранија / Сања