Првите анализи покажале дека е анемична, но докторот инсистирал прегледот да не запре тука
Карла Мичел (36) од Велика Британија во јануари 2021 година почувствувала дека срцето и чука побрзо од вообичаено, но не му придавала големо значење. Меѓутоа, неколку часа подоцна почувствувала болка во нозете и дека го губи здивот.
Како што вели, мислела дека влегува во менопауза, но сепак решила да оди на лекар и да открие дали со неа е сè во ред.
Првите анализи покажале дека е анемична, но докторот инсистирал прегледот да не застане тука, туку да се направат подетални анализи.
Кога резултатите од колоноскопијата биле завршени, Карла дознала нешто што засекогаш и го променило животот.
На оваа млада девојка и бил дијагностициран рак на дебелото црево, а анемијата е тесно поврзана со оваа состојба, бидејќи 75 отсто од пациентите кои боледуваат од овој рак се анемични.
Во април 2022 година, Мичел дознала дека има Линчов синдром, наследна состојба која го зголемува ризикот од рак на дебелото црево и други видови на рак.
Карла сега е вклучена во едукација на луѓето за синдромот Линч, како и во препознавање на знаците на рак на дебелото црево.
– Сакам да ја разбијам стигмата дека само постарите луѓе можат да добијат рак на дебелото црево. Ракот на дебелото црево сè почесто е застапен кај младите – изјавила оваа девојка.
Промените во движењата на дебелото црево, како што се запек или дијареа, како и абдоминална болка, необјаснето губење на тежината, замор и крв во столицата, може да бидат рани знаци на рак на дебелото црево.
Раното откривање на ракот го олеснува лекувањето и според податоците за ракот на дебелото црево во Велика Британија, речиси сите пациенти на кои им е дијагностициран туморот во рана фаза преживуваат.
Откако и бил дијагностициран рак на дебелото црево, Мичел била подложена на хемиколектомија, процедура која траела нешто повеќе од четири часа.
При оваа процедура лекарите ја отстраниле малигната промена и околните лимфни јазли. Отстрането било околу една третина од нејзиното црево.
Пред хемиколектомијата, Мичел мислела дека нејзиниот рак е во прв стадиум, што значи дека не се проширил надвор од ѕидот на цревата и бил полесен за лекување.
Но, откако била оперирана, и било кажано дека ракот напредувал во трета фаза, што значи дека се проширил на блиските лимфни јазли. Ова довело до тоа да и требаат три круга на хемотерапија. Третманот и бил успешен и сега е во ремисија, пишува „Инсајдер“ – ОВДЕ. Повеќе – ОВДЕ.