МИНИ СУНЃЕР МАФИНИ: Одличен текст и текстура, а се прават за 10 минути. Ви предлагаме два рецепти со иста подготовка, а вие одберете кој ви е полесен. За вториот рецепт има и видеопрезентација:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца со средна големина, на собна температура
60 г сенаменско брашно
40 г шеќер,
1 лажичка масло
сад со топла вода, за забрзување на процесот при матење

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца големина L
125 г шеќер
1/2 лажичка сол
115 г сенаменско брашно
20 г скроб/нишесте/густин
30 г растопен путер

ПОСТАПКА:

Загрејте ја рерната на 180 C (350 F). Подгответе поголем сад и наполнете го до половина со топла вода, а потоа врз него поставете го садот во кој ќе ги матите јајцата.

Сипете ги јајцата со шеќерот и прво изматете со средна брзина додека да запенат, а ако е потребно матете и со највисока брзина за да се растопи шеќерот.

Штом смесата го зголеми волуменот, осветли и згусне, намалете ја брзината за да се отстранат некои воздушни меурчиња доколку се создале при матењето.

Овој чекор е клучот за успехот и може да потрае 12-15 минути додека смесата да стигне до фазата кога се додава брашното. Просејте го брашното. Потоа користете шпатула и мешајте бавно додека добро да се соедини.

И на крај додајте масло и повторно соединете. Подгответе мини калапи за мафини обложени со хартија и истурете го тестото. Печете на средната решетка 15 до 20 минути додека да заруменат. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.