Меѓу посните колачи им нема рамни…ШЕРБЕТ КОЛАЧИ се топат во уста…Старински колачи со пиво, вкусни, просто неодоливи. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г брашно +- 50 г
12 г прашок за печиво
1 лажица шеќер
1 прстофат сол
200 мл пиво
200 мл масло
1 лажица какао во прав
неколку јатки орев
За шербет:
300 мл вода
300 г шеќер
3-4 парчиња лимон
50 г кокосово брашно
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад помешајте ги маслото, пивото и шеќерот, па постепено додајте го брашното помешано со прашокот за печиво и замесете меко, компактно тесто кое не се лепи.
На крај додајте лажица какао и сосем малку замесете за тестото да стане шарено.
Кинете парчиња од тестото, правете топчиња, сплескувајте ги на дланка, ставајте оревче во средината и повторно обликувајте топчиња. Редете ги во плех обложен со хартија и печете ги 20-тина минути во загреана рерна на 200 степени.
Ставете да зоврие шеќер и вода и намалете да се вари на умерена температура 10 минути. пред крајот додајте ги парчињата лимон.
Топлите колачи спуштајте ги во топлиот шербет околу 20 секунди од едната страна и исто толку од другата страна, па валајте ги во кокосот. Оставете да се оладат пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ:
https://youtu.be/mXBcYg4tQKM?si=p5wrF_F6jTJP9Rmw