Мед и цимет – добитна комбинација…
Оваа лековита комбинација се користи за лекување за многубројни болести и состојби на организмот, но за лекување на акни, потребни се овие две состојки во следниот сооднос:
Потребни состојки:
- 3 лажици мед
- 1 лажица цимет
Постапка:
- Медот и циметот добро соединете ги и чувајте ги во соодветен сад (јас користев мед кој го снабдуваме од село).
- Мевлемот се нанесува еднаш дневно на заболените места, пред спиење.
Меѓутоа, на мене тоа ми беше непрактично, бидејќи се валка перницата и не можам да спијам цела ноќ на грб. Затоа, јас го мачкам преку ден кога знам дека нема никаде да излегувам. Оставам да делува 4-5 часа, па после се мијам.
Најважно е тоа што дава резултати…после првото нанесување забележав дека црвенилото и болката се намалени, а после 2-3 дена бубулицата ми се повлече. Ова е моето искуство…се надевам дека ќе им помогне и на други. Јас сум од оние кои не сакаат да експериментираат на кожа, ама ова го пробав бидејќи е потполно природно.