Секој што имал проблем со бронхитис, многу добро знае колку е тешко да се лечи оваа болест. Повеќето случаи на бронхитис може да се излечат со одмор и пиење повеќе течности. Сепак, хроничната форма, бара терапија која ќе биде прилагодена на пациентот.

Хроничниот бронхитис може да предизвика ненадејна промена во состојбата на пациентот, моменти на подобрување и влошување. Како ефикасна опција, постојат различни природни лекови за третман на бронхитис кои се карактеризираат со брзо дејство и отсуство на несакани ефекти.

Многу помагаат во ублажување на симптомите на хроничен бронхитис и не го нару-шуваат дејството на лековите препишани од лекарот. Бронхитисот е инфекција на главните белодробни канали, односно бронхиите.

Важна улога на бронхиите е да создаваат слуз предизвикана од надразнувачи и алергени. Овие канали стануваат иритирани и воспалени за време на инфекцијата, што го зголемува производството на слуз и создава бројни проблеми за хроничните болни од бронхитис.

Бронхитисот се развива неколку дена по постојана настинка или грип како резултат на бактерија или вирус. Вирусниот бронхитис е почест отколку бактерискиот. Акутниот бронхитис може да биде заразен, а пренесувањето вклучува контакт преку капки (аеросоли) што пациентот ги исфрла од устата со кивање, кашлање или зборување.

Бидејќи капките остануваат во воздухот некое време по исфрлањето, здрава личност може да ги вдише, а контактот со нив е можен со допир доколку паднат на површина, каде што микроорганизмите можат да преживеат до 24 часа.

Акутната форма на бронхитис не бара посебен третман и се лекува многу брзо. Потребно е веднаш да се започне со лекување за да не премине во хронична форма.  Хроничниот бронхитис може да трае со недели, па дури и месеци и нема специфичен лек освен лекување на симптомите.

Сè што можете да направите е да користите медицински и природни лекови за да ги ублажите постоечките симптоми на бронхитис. Третманот за хроничен бронхитис е сличен на оној што се користи за хронично опструктивно белодробно заболување (ХОББ).

Секако, најпрепознатливиот симптом на двата вида бронхитис е кашлица, која во случај на хронична форма е почеста и поинтензивна. Кашлицата се јавува како ефект на зголемување на производството на жолтеникава или зелена слуз, што телото ја исфрла во надворешната средина. Повремено се појавува б олка во грлото или главата.

Пациентите со хроничен бронхитис чувствуваат хроничен замор, имаат отежнато ди-шење во белите дробови и се жалат дека честопати го губат з-дивот после движење. Сите овие симптоми се влошуваат во текот на зимата.

Повеќето пациенти со хроничен бронхитис се постари од 50 години. Пу-шењето се смета за најчеста причина за хроничен бронхитис. Со текот на времето, чадот од тутун предизвикува трајно оште-тување и воспаление на бронхиите.

Луѓето кои се постојано изложени на прашина, киселини, амонијак и хлор на работното место се изложени на висок ризик од развој на хроничен бронхитис. Инфективната форма на бронхитис е предизвикана исклучиво од вируси и некои видови бактерии.

ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ И РЕЦЕПТИ ЗА ХРОНИЧЕН БРОНХИТИС

Ѓумбир

Коренот на ѓумбир помага во разредување на густите секрети. Ја зголемува циркулацијата во белите дробови и ги ублажува воспалителните процеси. Ставете 15 тенки исечени парчиња корен од ѓумбир во 4 литри вода и оставете да зоврие.

Тргнете го тенџерето од рингла, почекајте малку да излади и додајте четири чаши свежо исцеден сок од лимон и три лажички мед. Оставете да отстои 20 минути и процедете ја течноста. Чувајте го добиениот пијалак во фрижидер и кон-сумирајте една или две чаши на ден.

Куркума за третман на хроничен бронхитис

Куркуминот во овој зачин има антивирусно и антиинфламаторно дејство, што е корисно при лекување на болести како што е хроничниот бронхитис. Измешајте чаша кокосово млеко, чаша бадемово млеко, лажичка куркума во прав, мелен ѓумбир, прстофат мелен цимет, половина лажичка црн пипер и лажица кокосово масло. Загревејте, но не до вриење со повремено мешање. Пијтего напитокот топол или ладен.

Женшен

Оваа билка е ефикасна за болести на респираторниот тракт како што е хроничен бронхитис. Ги чисти бронхиите и ја ублажува кашлицата. Истурете лажица тенко исечени парчиња женшен во 200 мл вода.

Варете додека да зоврие и почекајте 2 минути малку да се излади. Потопете ја билката во зовриена и оставете да отстои 5-10 минути, во зависност од тоа дали сакате посилна или послаба арома. Кон-сумирајте 2 – 3 пати неделно.

Морска сол

Евтин, но ефикасен метод е плакнење на грлото и усната шуплина со вода во која се раствора малку сол. Исто така, им помага на луѓето со хроничен бронхитис при исфрлање на вишокот слуз од дишните патишта. Ги ублажува симптомите без оглед дали бронхитисот бил предизвикан од инфекција или вирус. Растворете лажичка сол во чаша млака вода. Плакнете го грлото со овој раствор трипати на ден.

Маслиново масло за хроничен бронхитис

Ова масло има антиинфламаторно дејство и е одлично за ублажување на кашлицата кај луѓето со хроничен бронхитис. Важно е да барате квалитетно масло, бидејќи само тоа има лековито дејство.

Купете екстрадевствено ладно цедено маслиново масло. Измешајте две лажици маслиново масло, две лажици свежо исцеден сок од лимон, една лажица квалитетен мед и една лажица вода. Кон-сумирајте по една кафена лажичка секоја вечер пред спиење.

Лаванда

Познато е како растение кое има смирувачко, но и антимикробно дејство. Ги релаксира дишните патишта и ја олеснува кашлицата и помага во исфрлање на слузта. Измешајте три лажички масло од јојоба, 4 капки есенцијално масло од лаванда и 4 капки масло од мајчина душица. Со оваа мешавина масирајте ги градите и грбот неколку минути и оставете ја кожата да ги апсорбира. Повторувајте ја постапката секоја вечер.

Лук

Истражувањата покажуваат дека универзалната употреба на лук како природен лек има позитивно влијание врз здравјето на луѓето. Исто така, антимикробното дејство на чешне лук е корисно за ублажување на симптомите на хроничниот бронхитис. Изгмечете 1 лук и прелијте го со бадемово млеко. Ставете ја смесата да зоврие. Пијте секоја вечер пред спиење додека е сè уште топло.

ПРОМЕНИ ВО ИСХРАНАТА

Нема специјална диета направена за лекување на хроничен бронхитис, но можете да направите некои промени во вашето дневно мени што може да има позитивно влијание врз вашата моментална состојба. Изберете храна што содржи висока концентрација на антиоксиданти.

Намалете го внесувањето на кравјо млеко и производите направени од него, бидејќи тие содржат лакталбумин, супстанца што го стимулира производството на слуз во горниот респираторен тракт.

Докажано е дека чили пиперките помагаат при искашлување на секретите, затоа слободно кон-сумирајте ги често. Избегнувајте ал-кохол и пијалаци кои содржат кофеин, бидејќи, иако се во течна состојба, тие можат да го дехидрираат вашето тело и да го отежнат исфрлањето на слузта.

ОКСИГЕНСКА ТЕРАПИЈА

Позната и како кислородна терапија, им помага на белите дробови да добијат што повеќе кислород. Лекарите ја препорачуваат оваа терапија на пациенти со хроничен бронхитис – особено на луѓе кои имаат проблеми со дишењето поради замор или остануваат без здив по некоја физичка активност.

ПАРНА ТЕРАПИЈА

Вдишување на водена пареа ја намалува густината на секретите во дишните патишта и го олеснува нивното исфрлање. Ова исто така можете да го направите во вашиот дом користејќи неколку методи, на пр. со загревање на вода во тенџере или при туширање со топла вода.

Можете дури да додадете неколку капки есенцијално масло во водата, што може дополнително да помогне. За бронхитис, се препорачуваат масла од рузмарин, нане, оригано и темјан.

Рецепт од традиционалната медицина кој дава ин-стант олеснување, ги отвора бронхиите и помага повторно да проди-шете со полни гра-ди.

Козјата маст одамна е позната како мевлем за многу болести. Нашите баби им го мачкале град-ниот кош на децата кога имале респираторни проблеми, бронхитис или воспаление на белите дробови.

Исто така, многу често се користела и при воспаление на синусите проследени со главоболки, но и кај инфекции и воспалителни процеси и состојби како што се хер-пес сим-плекс, егзема, воспаление на грло, хемороиди, нев-ралгија, артритис, реума, за брзо зарас-нување на ра-ни и из-гореници, но и како лаксатив, бидејќи ја стимулира работата на цревата.

Составот на козјата маст вклучува витамини од групата Б, како и од групата А, Ц, Д и Е. Покрај тоа, козјата маст содржи и голема количина полузаситени масни киселини, млечни ензими и коензими. Покрај тоа содржи и калциум, магнезиум, калиум, цинк и селен. Сето тоа козјата маст ја прави средство за лекување на многу болести, но и многу делотворен козметички препарат.

Потребни состојки: 150 мл млеко (избегнувајте кравјо), 1 лажица козја маст, 1 лажица мед.

Постапка: Загрејте го млекото, но не дозволувајте да зоврие. Топлото млеко префрлете го во чаша, додајте ја козјата маст и медот и убаво промешајте за да се растопат и соединат.

Приготвениот мевлем мора веднаш да се испие, одеднаш, а потоа потребно е да легнете и добро да се затоплите, особено делот околу град-ниот кош, од предната и задната страна (грбот). Вака приготвениот мевлем треба да се пие трипати дневно, па за кратко време ќе забележите олеснување. Покрај тоа, козјата маст треба да се користи и како облога.

ОБЛОГА ОД КОЗЈА МАСТ И МЕД: Двете состојки измешајте ги во еднакви количини, па добро измешаната смеса малку загрејте ја, а потоа со кружни движења добро втријте на пределот на белите дробови од предна страна и на грбот. Потоа завиткајте го добро тој дел во целофан за да може дополнително да се загрее и така преспијте.

ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ

Избегнувајте цигари и каков било контакт со чад од тутун. Престанете да пу-шите и држете се подалеку од чадот од тутун за да не го вди-шувате како пасивен пу-шач. Вди-шување на смог и пареа на разни хемикалии, исто така имаат слично штет-но влијание врз чувствителниот респираторен систем.

Кога кивате или кашлате, покријте ја устата со марамче. Ова ќе спречи ширење на инфекцијата. Користете марамчиња за еднократна употреба наместо платнени.

Не дозволувајте вашето тело да дехидрира. Пијте најмалку 8 чаши чиста вода дневно. Редовното кон-сумирање на потребните количини на течност ќе го разреди вишокот слуз и ќе го олесни кашлањето.

Користете инхалатор ако вашиот лекар го препорача.  Користете го правилно и секогаш имајте го при рака. Користете го за ублажување на симптомите слични на кашлица. Доколку често се разболувате, започнете со редовна вак-цининација против грип и против пневмонија. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска