Ајдучка трева (лат. Achillea Millefolium) уште позната и како столисник, е една од најценетата и најлековитата билка на нашите простори. Колку што има ливчиња (millefolium–илјада листови), толку има и примени.
Ајдучката трева е една од најчесто употребуваните лековити билки кај нашиот народ. Благодарение на антисептичкото етерично масло кое го содржи, оваа билка е добар природен лек за рани, исеченици, изгореници, повреди и воспаленија на кожа.
Мевлемот или маслото од ајдучка трева е многу делотворно во лекувањето на хемороиди, особено кај оние што крвават.
МЕВЛЕМ ЗА ХЕМОРОИДИ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА
Потребни состојки:
2 лажици ајдучка трева
2 лажици цвет од невен
4 лажици свинска маст
Постапка:
На лесен оган продинстајте неколку минути две лажици ајдучка трева и две лажици свежи невенови цветчиња, во четири лажици домашна свинска маст.
Оставете да преноќи па повторно подгрејте го колку маста да се растопи, па потоа процедете низ газа. Во процедената маст потоа додадете половина лажица пчелин восок и мешајте додека сето убаво да се спои.
Додека е топло складирајте во приготвени стаклени садови и чувајте на ладно место.