Се претпоставува дека класичниот тврд сапун го користеле и древните цивилизации, а ова средство не само што е најдобро за хигиена на рацете, туку има и низа интересни примени во домаќинството…
Можеби никогаш не сте помислиле дека обичниот сапун може да го искористите и во други цели освен хигиенски, но токму тој би можел да биде одлична помош во неколку ситуации. Па, еве неколку трикови со сапун во главната улога!
1.СТАВЕТЕ САПУН ВО ЧЕВЛИТЕ
Ако почувствувате дека вашите омилени чевли после долгото носење веќе не мирисаат пријатно, доволно е во нив преку ноќта да оставите по еден сапун.
Следниот ден ќе мирисаат далеку подобро. Повторувајте го ова секоја втора до четврта седмица и ќе ги спасите вашите чевли од лоша миризба.
2.МОЖЕ ДА ОДГЛАВИ РАЈСФЕРШЛУС
Ако ви заглавил патентот, доволно е со сапунот неколкупати да поминете по неговата предна страна. Ова би требало многу да помогне во одглавувањето.
3.СПРЕЧУВА МАГЛЕЊЕ НА ОГЛЕДАЛОТО ОД БАЊАТА
Со сув сапун истријте го сувото и чисто огледало во бањата. Потоа со сува и чиста крпа истријте го за да се отстранат евентуалните траги. Слојот од сапун ќе спречи огледолото да се замагли во текот на бањањето и туширањето, колку и да се создала водена пареа.
4.МЕШАВИНА ОД САПУН И МАСЛО ЗА ЗАШТИТА НА БИЛКИТЕ
Ако сакате билките да ги заштитите од болести и вошки, измешајте ¼ шолја течен сапун со 1 шолја растително масло. Добро промешајте.
Една лажичка од оваа смеса измешајте со 4 шолји вода, па со овој раствор еднаш седмично прскајте ги билките.
5.СЕ СТАВА МЕЃУ АЛИШТА И ПОСТЕЛНИНА
Овој трик го користеа нашите баби – едноставно ставете миризливи сапуни во фијоките и меѓу алиштата во плакарите каде што ја чувате облеката. Таа ќе биде свежа и миризлива. Сапунот ќе ги впие непријатните мириси и ќе послужи како благ освежувач на воздухот.
6.ПОМАГА ПРИ УБОД ОД КОМАРЕЦ
Со влажно парче сапун истријте го местото каде што ве укасал комарецот, па за неколку минути ќе се смири јадежот и црвенилото ќе се намали.