Многу вкусна, витаминска салата која сите ја обожуваат. Ова е најдобрата мешана салата за зима која досега сте ја пробале! Останува крцкава и не е премногу кисела.

мешана салата

Потребни состојки:

9 кг зеленчук (зелка, пиперка, зелен домат, морков, кромид…)
1 литар оцет алкохолен (киско)
3 литри вода
1 кесичка винобран
150 г сол
200 г шеќер

Постапка:

Овој рецепт го имам одамна, за 9 кг зеленчук, но течноста која излегува е сосем доволна и за повеќе од 10 кг. Па така, ќе видите сами и одредете си.
Од оваа количина добив 10 тегли од оние од 750 г.

Јас за својата салата зедов:
5 кг зелка
4 кг пиперки
1,5 зелени домати

Зеленчукот добро измијте го. Зелката изрендајте ја, а пиперките и доматите исечете ги на тенки ленти или листови.

Сите состојки ставете ги во поголема вангла каде ќе можете добро да ги измешате.
Оцетот, водата, шеќерот, солта и винобранот измешајте ги веднаш, на ладно. Не треба да се загрева ништо, само промешајте за да се растопат и соединат состојките.

Ќе ви се чини дека е малку течност, но веќе за десетина минути ќе забележите како зеленчукот „опаѓа”.

Оставете вака зеленчукот да стои натопен 24 часа. Ќе видите, после сѐ ќе биде убаво натопено во растворот.

После 24 часа салатата складирајте ја во добро испрани тегли и шишиња. Важно е добро се стисне зеленчукот, а може да користите и потисок како онаа белата мрежичка, но јас не користам ништо. Важно е ДА НЕ ОСТАНЕ течност.

Јас салатата ја ставав во наопаку превртени тегли, буткав за што повеќе да се набие.
Потоа теглите се затвораат. Пред послужување салатата само малку зачинете ја со масло. Многу е убава!

Знам дека ќе ме прашувате а што да се прави со течноста. Вака, салатата може да се залие и со оваа течност, но не е потребно. Вака останува многу убава, светла и лесно крцкава.

Јас ја фрлам течноста, зашто не знам што да и правам. Нема потреба од пастеризација на теглите, зеленчукот не се суши без течност, без грижа… Може да се јаде уште следниот ден!

мешана салата