Мешам јогурт, 1 јајце и 10 минути! МАЖ МИ ЈАДЕ ПО 10 на едно седнување и НЕ СЕ ЗДЕБЕЛУВА! Еве што ви е потребно за ова вкусно јадење (2 рецепти!):

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

100 мл јогурт/кефир
100 г урда
1 јајце
1/2 лажичка сол
2 лажички шеќер
500 г брашно
1 лажичка прашок за печиво

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте ги сите состојки, а потоа додајте го брашното и прашокот за печиво. Замесете средно меко тесто кое не се лепи за рака. Покријте го со кеса и крпа и оставете го да одмори 20 минути.

Набрашнете ги рацете и истресете го одмореното тесто на работна површина и развлечете го во средно тенка кора. По потреба користете сосем малку брашно за да не ви лепи на оклагијата.

Сечете парчиња и пржете ги во масло загреано на умерена температура, неколкупати превртувајќи ги додека убаво да заруменат од двете страни.

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
300 мл јогурт/кефир
1 лажиче сол
1 лажица шеќер
1 јајце
2 лажици масло
450 г брашно
1 лажичка прашок за печиво

За фил:
1 главица кромид
30 г путер
1-2 раце ситно сечкани печурки (по вкус)
200 г пилешко бело месо
сол, црн и црвен пипер по вкус
2 полни супени лажици кисела павлака

ПОСТАПКА:

Состојките потребни за тесто треба да бидат на собна температира. Во подлабок сад измешајте ги сите состојки, а на крај додајте го брашното со прашокот за печиво.

Замесете меко тесто, покријте го со кеса и крпа и оставете го да одмори 20-тина минути. За тоа време пригответе го филот:

На малку масло и растопен путер запржеете го ситно сечакниот кромид, додајте ги сечканите печурки и динстакјте кратко додека да испари течноста. Додајте ситно сечкано (или мелено) бело пилешко месо и промешајте.

Зачинете по вкус. Динстајте додека да испари течноста, па промешајте ја павлаката и под капак динстајте упте 15-тина минути, на тивок оган и со повремено промешување. Филот оставете го да се олади.

Стасаното тесто малку премесете го на набрашнета површина и поделете го на 10 еднакви дела. Секој обликувајте го во топче. Покријте ги со кеса и оставете ги да одморат 10 минути.

Работната површина посипете ја со малку брашно, па со прсти развлечете ја во тенка коричка и во средината ставете фил. Спакувајте како триаголник со спојување на краевите.

Пржете ги во загреана масло на умерена температура додека да заруменат од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.