Мешам брашно со зовриена вода…Ги правам по 100 пат и уште не сме се заситиле од ова вкусно јадење…Тестото е многу вкусно и после пржењето не е масно. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:

300 г + 60 г брашно
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
550 мл вода
1 лажичка прашок за печиво
30 мл масло

За фил:

2 главици кромид
300 г мелено месо
зачини по вкус

ПОСТАПКА:

Водата ставете да зоврие, па сипете го брашното помешано со сол и шеќер. Гответе на умерен оган додека да се формира компактно тесто. Оставете целосно да се олади, па домесете го со 60 г брашно помешано со прашок за печиво.

Додајте масло и домесете го за да стане компактно. Тестото е меко и нелепливо. Оставете го покриено да отстои 10 минути.

Испржете го ситно сечканиот кромид, па додајте го меленото месо и пржете го 10-тина минути. Зачинете по вкус и тргнете настрана да се олади.

Тестото поделете го на 13 топчиња, па секое со рака сплескајте го. Филувајте со мелено месо, па затворете ги.

Пржете ги во умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

НАЈПУФНАСТИТЕ МЕКИЦИ СО МЕУРИ: Една чаша јогурт и едно јајце – ќе го добиете најдоброто тесто