Мене ми помогна а се надевам и на сите вам кои имате потреба. За 2 месеци се намалив во обем баш таму каде што требаше и сега имам 10 кг помалку.
Појадок:
1 чаша топла вода за добро утро
1 чаша млеко
1 лажичка какао
1 лажичка мед
1 лажичка цимет
1 цитрон
Ручек:
Јадете се’ или она што си јадете вообичаено целото семејство, само гледајте да биде нешто поздраво. Инаку, како сакате, нема ограничување. Ова е најдобриот дел од диетата, само внимавајте да не се прејадувате.
Вечера:
1 шолја јогурт
1 лажичка мед
1 лажичка какао
1 лажичка цимет
ПРИМЕНА:
Значи вака: станувате од спиење и веднаш пиете една чаша млака вода. Кога ќе огладнете јадете еден цитрон.
Кога повторно ќе огладнете го пиете изматеното млеко со мед, цимет и какао. Оние што не пијат кравјо млеко нека земат бадемово или оризово.
Млекото може да го пиете ладно или топло.
Потоа доаѓа најдобриот дел – ручекот.
Си ручате нормално она што сте го приготвиле за тој ден. Подобро е да изедете две чинии некое јадење а не да јадете леб. Е сега, доколку ви се пријаде благо… тоа ќе ви биде ручекот: бирате – или ќе јадете колачи или ќе ручате нормално. Подобро е да се одлучите за некое поздраво јадење.
И на крај за вечера пиете изматен јогурт.
Малку упорност и верувајте ќе ви се исплати.