Фото и рецепт: Верица Николиќ – мекици готови за половина час. Ова е еден од подобрите рецепти за брзи мекици кои се одлични за појадок или вечера. Она што е најдоброто кај нив, освен што се многу вкусни, е тоа нека не се масни и не впиваат масло додека се пржат.
Потребни состојки: 520 г меко брашно Т-400, 200 г јогурт, 200 мл млеко, ½ коцка свеж квасец (20 г), 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер и масло по потреба
Постапка: Во топло млеко растворете лажичка шеќер и издробете го квасецот. Промешајте за и тој да се раствори, па оставете 10-тина минути на топло место за да се активира.
Во сад за месење ставете брашно, додадете сол, јогурт на собна температура и активираниот квасец. Замесете тесто. Тестото замесувајте го со постепено додавање на брашното, треба да биде меко, а да не се лепи на раце (додадете околу 2 лажици брашно).
Замесеното тесто префрлете го на набрашнета површина и развлечете го во правоаголна кора со дебелина од 3-4 мм. Тестото исечете го со остар нож на облици по желба.
Во одговарачки сад ставете масло да биде со 1 см длабочина и загрејте го на средна температура. Во загреаното масло спуштајте ги исечените парчиња тесто. Пржете додека од двете страни убаво да зарумени, а потоа мекиците вадете ги во соодветен сад. Нема потреба да ставате хартија, бидејќи тестото не впива масло. Послужете ги со јогурт, млеко, џем, крем, со сирење…