Потребни состојки:

170 мл млеко

30 г квасец

1 лажичка шеќер

1,5 лажичка сол

50 мл масло

100 мл јогурт

2 јајца

60 г кисела павлака 20% мм

600 г брашно

6-7 лажици растопен путер

сусам

Постапка:

Во млако млеко додадете издробен квасец, лажичка шеќер и брашно. Оставете 10 минути за да се активира квасецот.

Потоа додадете масло, 2 белки, една жолчка, јогурт, сол и брашно, па замесете тесто. Оставете 30 минути.

Надојденото тесто поделете го на 4 дела. Три дела развлечете ги во круг ок околу 21-22 см. Првиот круг ставете го на хартија за печење. Премачкајте го со 2 лажици растопен путер, па врз него ставете го вториот круг и повторете ја постапката со премачкувањето. Истото повторете го и со третиот круг.

Четвртиот круг нека биде нешто поголем од претходните три, така што кога ќе го ставите преку погачите, вишокот кора ќе го подвлечете одоздола.

Ако сакате да ја засечите погачата како во видеото, можете и подлабоко или можете да ја оставите и без засекување.

Вклучете ја рерната да се загрее на 220 степени и за тоа време погачата малку ќе нарасне.

Премачкајте ја со смеса од изматено јајце и една лажица млеко, а потоа наросете сусам.

Печете околу 20-25 минути, во зависност од вашата рерна.

Погледнете го видеото: