Ванилици – Меки колачиња што се топат во уста
Ванилиците се традиционални колачиња што со својата кршлива текстура и богат вкус на ванила и џем потсетуваат на топлината на домашната кујна.
Овие деликатеси, совршени за празнични моменти или секојдневно уживање, се приготвуваат лесно, а нивниот вкус станува уште подобар со текот на времето.
Следете го овој рецепт за да создадете колачиња што ќе ги воодушеват сите, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 250 г маргарин
– 6 супени лажици шеќер
– 2 кесички ванилин шеќер
– 2 јајца
– 500 г брашно
– кора од половина лимон (ситно рендана)
– НМД
И уште:
– џем по избор (за спојување)
– шеќер во прав (за посипување)
– 1 кесичка ванилин шеќер (за посипување)


Постапка:
1. Во подлабок сад ставете 250 г маргарин, исечен на коцки и омекнат на собна температура. Додајте 6 супени лажици шеќер и 2 кесички ванилин шеќер, па матете со миксер додека смесата стане пенаста, а шеќерот целосно се растопи.
2. Додајте едно јајце и продолжете да матите со миксерот додека јајцето се соедини со смесата. Потоа додајте го второто јајце и матете додека да се добие хомогена смеса.
3. Постепено додавајте 500 г просеано брашно, мешајќи со миксер додека тестото стане мазно.
Додајте ја ситно ренданата кора од половина лимон и остатокот од брашното, па замесете со рака додека да добиете меко, мазно и нелепливо тесто.
4. Тестото ставете го на хартија за печење, лесно посипана со брашно. Посипете го и тестото со малку брашно, па со оклагија развлечете кора со дебелина од 6 до 7 мм.
По потреба, додавајте брашно за да спречите лепење на тестото за оклагијата.
5. Со мала чаша или капаче, претходно набрашнети, вадете тркалца од тестото. Остатоците од тестото соберете ги, повторно замесете ги и развлечете ги во кора. Повторете ја постапката додека да го потрошите целото тесто.
6. Наредете ги тркалцата во плех, лесно намастен или обложен со хартија за печење.
Печете во претходно загреана рерна на 170 степени Целзиусови 12 до 15 минути. Колачињата треба да останат светли, без да добијат темна боја.
7. Оставете ги колачињата малку да се изладат, па спојувајте ги по две со џем по ваш избор. Потоа валкајте ги во мешавина од шеќер во прав и ванилин шеќер.
8. Чувајте ги ванилиците во лимена кутија за да ја задржат свежината. Овие колачиња имаат долг рок на траење, а со тек на време вкусот станува уште подобар.
Уживајте во овие неодоливи ванилици што носат вкус на традиција и домашна топлина! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












