Рецепт и видео прилог на Том Филос: Вкусни погачи
На многу едноставен начин пригответе ги “полжавите” на Том Филос. Кората се премачкува со кечап, се сече на ленти и се виткаат ролничките – полжави. Комбинацијата со морска сол и сусам – е одлична!
Потребни состојки:
500 г брашно
170 мл млеко
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
10 г сув квасец
1 јајце
5-6 лажици кечап за премачкување на кората
1 жолчка + 2-3 лажици млеко за премачкување одозгора
сусам и крупна морска сол за наросување
Постапка:
Во подлабок сад ставете го брашното, додадете една лажичка шеќер и 10 г сув квасец, па промешајте. Додадете го јајцето и лажичка сол, па со млако млеко замесете го тестото.
Формирајте мазна топка од тестото и оставете го покриено да стасува во малку намастен сад околу 90 минути. Стасаното тесто истресете го врз набрашнета површина и без премесување развлечете правоаголна кора, најпрво со дланките, а потоа и со помош на оклагија.
Преку целата површина кората премачкајте ја со кечап, а потоа пресечете ја на 6 ленти. Секоја лента свиткајте ја во ролничка и редете во плех обложен со хартија за печење. Ролничките покријте ги со фолија и оставете ги да стасуваат половина час.
Потоа премачкјате ги со жолчка разматена во малку млеко. Одозгора наросете крупна морска сол и сусам па ставете да се печат во добро загреана рерна на 220 степени околу половина час или додека убаво да заруменат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: