Мрзлив медовик – готов за 12 минути печење
Овој медовик е вистинско откритие за сите што сакаат класичен вкус, но немаат време за подготка и печење на комплицирани кори.
Со само една голема кора што се пече 10–12 минути и се сече на 4 дела, добивате нежна, мирисна торта со карамелен меден вкус и свиленкаст крем од павлака и крем-сирење.
Идеален за неочекувани гости или кога сакате нешто слатко без компликации, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Порции: 10–12
Време на подготовка: 30 минути
Време на печење: 10–12 минути
Потребни состојки
За тестото:
180 г мед
160 г путер
1,5 лажичка сода бикарбона
4 јајца
180 г шеќер
прстофат сол
250 г брашно (просеано)
НМД
За кремот:
500–600 г павлака 30–35 % масленост (ладна)
200 г крем-сирење (ладно)
100–120 г шеќер во прав
1 лажичка ванилин шеќер

Постапка
Во подлабок сад или тенџере со дебело дно ставете го медот и путерот. Загревајте на тивок оган додека целосно се растопат, постојано мешајќи.
Додајте ја содата бикарбона и продолжете со мешање додека смесата запени, згусне и добие убава карамелеста боја (ова трае околу 1–2 минути). Тргнете од оган, префрлете во друг сад и оставете да се излади на собна температура.
Во посебен сад изматете ги јајцата со шеќерот и прстофат сол додека да добиете густа, светла пена (со миксер на максимална брзина околу 5–6 минути).
Во тенок млаз додавајте го полутечниот изладен карамел од мед, притоа непрекинато матејќи со миксерот.
На крај додајте го просеаното брашно и нежно промешајте со силиконска шпатула или жица додека да се соедини во еднолична фина смеса без грутки.
Загрејте ја рерната на 180 °C (со вентилатор 160 °C). Големиот плех од рерната (обично 40 × 35 cm или сличен) обложете го со хартија за печење.
Истурете ја целата смеса и рамномерно распоредете ја во тенок еднаков слој. Печете во средината на рерната 10–12 минути, додека убаво се зарумени и тестото почне да се одвојува од хартијата.
Испечената кора оставете малку да се подизлади во плехот. Потоа превртете ја, внимателно отстранете ја хартијата. Исечете ги тврдите краеви за да добиете убав правоаголник, а потоа пресечете ја на половина.
Секоја половина дополнително пресечете ја хоризонтално – така добивате вкупно 4 тенки кори. Исечените краеви сомелете ги во трошки за декорација.
За кремот: Во голем сад ставете ладна павлака, крем-сирење, шеќер во прав и ванилин шеќер. Матејте со миксер прво на мала, потоа на средна брзина додека да добиете густ, свиленкаст крем што убаво стои.
Редење на тортата: Ставете една кора на соодветна подлога или чинија, премачкајте со слој крем, покријте со втора кора и продолжете така до последната кора.
Целата торта убаво обложете ја со преостанатиот крем од сите страни. Одозгора и од страните посипете ги со трошките од кората.
Оставете ја тортата во фрижидер минимум 4–6 часа, а најдобро преку ноќ, за да се навлажнат корите и вкусовите убаво да се спојат. Послужете добро изладена.
Добар апетит! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












