Инфекциите на горните дишни патишта се едни од најчестите акутни инфективни заболувања. Во просек, кај возрасните се јавуваат од два до петпати годишно, а кај децата на школска возраст од седум до десетпати годишно. Инфекциите на горните дишни патишта може да доведат до воспаление на грлото (фарингитис), гркланот (ларингитис) и епиглотисот (епиглотитис).
Б олното грло претставува честа состојба кај децата, адолесцентите и возрасните. Се опишува како чувство на б олка локализирана во грлото и неговата околина и може да биде симптом на заболување кое не е директно поврзано со грлото (на пример, при настинка или грип).
Комбинацијата на мед и црвен кромид одамна е позната како исклучително ефикасен лек за природна кашлица. Предноста на овие природни лековити состојки е што можете да ги набавите во кое било време од годината, и многу е веројатно дека секогаш ќе ги имате при рака.
Потребни состојки: 1 главица црвен кромид, 2 -3 лажици природен мед, 1 чаша вода. Подготовка: Одберете главица црвен кромид со средна големина. Излупете го кромидот и исечете го на покрупни или поситни парчиња.
Ставете го во подлабок сад и прелијте со мед и чаша вода. Поклопете го садот и оставете го да отстои на собна температура преку ноќ. Следното утро исцедете ја смесата преку густа газа или цедалка. Тоа е доза потребна за еден ден.
Конcyмирајте една лажица сируп на секои два часа, но доколку грлото ви е многу црвено и премногу ве б оли може и почесто да конcyмирате од смесата. После првиот ден ќе забележите значително подобрување на симптомите од кашлицата и повеќе нема да чувствувате б олка во грлото.
Сигурно, по кратко време ќе почувствувате дека д ишете полесно и наскоро нема воопшто да кашлате. Оваа смеса не е наменета за мали деца, без лекарско одобрение. Во продолжение прочитајте ги здравствените придобивки на медот и црвениот кромид и уште еден рецепт за настинка, б олно грло и грип.
Здравствени придобивки од медот
Има силни антибактериски својства и низ историјата им служел на луѓето како храна, но и како лек. Може да се користите за лекување на ситни изго-реници и посе-котини и за лекување ра-ни. Медот ја намалува иритацијата во грлото и кожата. Повеќето лековити својства на медот доаѓаат од малите количини на поленов прав и прополис. Прополисот е леплива смола што доаѓа од дрвјата.
Здравствени придобивки од црвениот кромид
Кромидот има масла кои содржат сулфурни соединенија. Иако кромидот дава остар вкус и мирис, тој е исто така многу лековит. Тие исто така го cтимyлиpаат производството на бели кр-вни клетки – оние кои ја обезбедуваат нашата сопствена одбрана и го штитат нашето тело.
Најбрзиот лек за б олно грло и настинка, без антибиотици лекува воспалено и отечено грло. „Чувствуваме олеснување или целосно излекување штом го испиеме лекот. Овој чај е добар за настинки и кога чувствуваме дека ни е многу студено.“
„Пред два дена чувствував гребење во грлото, а вчера многу почна да ме б оли и ми беше отечено, имав чувство како да имам ра-на во грлото. Го направив овој чај и веднаш го испив додека беше топол. Б олката веднаш престана. Пред тоа, додека не знаев за овој феноменален природен лек, задолжително се јавував на лекар“, рецепт од читателка.
Потребни состојки: сок од еден лимон, 250 мл врела вода, 1 голема лажица мед, малку рендан корен од ѓумбир. Постапка: Измешајте во шолја или чаша сок од исцеден лимон, ситно изрендан ѓумбир, 1 голема лажица мед, па додајте ја зовриената вода. Сето брзо измешајте го и веднаш испијте го, не чекајте да излади.