Home посни колачи Меѓу посните колачи им нема рамни…ШЕРБЕТ КОЛАЧИ се топат во уста…

Меѓу посните колачи им нема рамни…ШЕРБЕТ КОЛАЧИ се топат во уста…

Меѓу посните колачи им нема рамни…ШЕРБЕТ КОЛАЧИ се топат во уста…Старински колачи со пиво, вкусни, просто неодоливи. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г брашно +- 50 г
12 г прашок за печиво
1 лажица шеќер
1 прстофат сол
200 мл пиво
200 мл масло
1 лажица какао во прав
неколку јатки орев

За шербет:
300 мл вода
300 г шеќер
3-4 парчиња лимон
50 г кокосово брашно

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад помешајте ги маслото, пивото и шеќерот, па постепено додајте го брашното помешано со прашокот за печиво и замесете меко, компактно тесто кое не се лепи.

На крај додајте лажица какао и сосем малку замесете за тестото да стане шарено.

Кинете парчиња од тестото, правете топчиња, сплескувајте ги на дланка, ставајте оревче во средината и повторно обликувајте топчиња. Редете ги во плех обложен со хартија и печете ги 20-тина минути во загреана рерна на 200 степени.

Ставете да зоврие шеќер и вода и намалете да се вари на умерена температура 10 минути. пред крајот додајте ги парчињата лимон.

Топлите колачи спуштајте ги во топлиот шербет околу 20 секунди од едната страна и исто толку од другата страна, па валајте ги во кокосот. Оставете да се оладат пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ: