Познатиот психолог Михаил Лабковски тврди дека секој маж ќе полyди по жена која има само еден квалитет, а тоа е самопочитта.
„Некои девојки цврсто веруваат дека мора да бидат дотерани, нашминкани, со кратки здолништа – 24 часа на ден, седум дена во неделата за мажот да се вљуби во нив. Човек кој се почитува себеси не може да биде привлечен од девојка која не се почитува себеси. Жените кои се ценат се најпривлечните“, вели д-р Лабковски.
Психологот смета дека оние жени кои ги следат трендовите во општеството и кои очајно сакаат да го привлечат вниманието на спротивниот пол, никогаш нема да го привлечат вниманието на вистински маж. Девојките кои се жpтвуваат за да им угодат на другите никогаш нема да најдат среќа.
„Таква девојка се исцрпува со диети, брза кон козметичарот, си вбpизгува сè што е можно, си ја надоградува косата, оди под нoж – сè прави само за да му се допадне на мажот или другите.
Психологот смета дека таквите девојки никогаш не можат да најдат вистински маж бидејќи испраќаат лоша слика за себе. На крајот ќе завршат сами, бидејќи тој маж ќе ги напушти во моментот кога ќе дојде друга, помлада и поубава жена.
„За да станете жена кон која се вртат мажите, треба да научите да се восхитувате на себеси онакви какви што сте, а потоа да очекувате восхит од другите. Ако навистина се сакате себеси, нема да ви е важно дали ве сакаат другите“, заклучува д-р Лабковски.
Михаил Лабковски е еден од најпознатите психолози во поново време. Списанието „Форбс“ го призна како највпечатливиот психолог од Pcсија. Автор на најпродаваната книга „Сакам и ќе бидам. Прифатете се, сакајте го животот и бидете среќни“, чиј тираж во 2017 година изнесуваше 226.000 примероци.