Освен препарати за внатрешна употреба, од боровите иглички може да се направи и лековита маст која помага во побрзо заздравување на р ани, ја подобрува состојбата на кожата, ублажува б олки во зглобови и може да се користи за лекување на хемороиди и х ерпеси.
Од млади сечкани борови иглички и свинска маст може да се направи лековит мевлем кој има силно дејство врз б олните и воспалени зглобови. Освен маст, од боровите иглички можете да правите и чај кој ќе го нанесувате во вид на облога, или ќе ги потопувате екстремитетите во чајот во времетраење од 20 минути.
За да имате постојано свежи борови гранчиња во текот на годината, истите, откако ќе ги наберете, можете да ги спакувате и да ги чувате во замрзнувач. На тој начин, во секое време ќе имате свежи и лековити гранчиња кои можете да ги користите по потреба.
РЕЦЕПТ 1: Потребни состојки: 4 супени лажици ситно исечкани млади борови иглички и 100 г свинска маст
Постапка: боровите иглички ситно исечкајте ги со ножици, а свинската маст претходно испрана во девет води, загрејте ја на тивко за да се растопи. Боровите иглички додајте ги во растопената маст и гответе со постојано мешање 5-10 минути (на тивок оган, не треба силно да врие).
Тргнете го садот од оган и оставете ја смесата да се олади 10-15 минути, па процедете ја. Добиената маст складирајте ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер. Со неа масирајте ги б олните зглобови, два до трипати дневно.
РЕЦЕПТ 2: Потребни состојки: 500 г борови иглички, 200 г испрана свинска маст или несолен путер.
Постапка: 500 г борови иглички исечкајте ги со нож или ножици. Ставете ги да се варат во зовриена вода околу 4-5 минути. Веднаш процедете, а омекнатите и топли иглички редете ги во еден сад наизменично со маста: ред иглички, ред маст (ќе ви биде потребно околу 200 г.
Покријте го садот со фолија и ставете го во рерна на 100 степени. Вака загревајте ја маста 6 часа. Добиената смеса процедете ја, складирајте ја во посебен сад и оставете да се олади на собна температура додека целосно да се олади и стегне.
Маста се нанесува на б олните места со нежни движења додека да се впие и апсирбира преку кожата, неколкупати дневно, а постапката се повторува додека р аните да заздрават, односно б олијте да исчезнат.
ЗЕЛЕНА МАСТ ЗА ЗАТНАТИ СИНУСИ
Наберете млади гранчиња-пупки од ела и бор. Тие содржат многу смола која овозможува чистење на дишните патишта. Направете маст за синуси која се користи надворешно, а може да се нанесе и директно во носот, на слузокожата.
Потребни состојки: 200 г домашна свинска маст и 40 г ситно исечкани млади пупки од ела или бор.
Постапка: растопете ја маста и додајте ги ситно исечканите иглички од бор или ела. Варете на тивок оган со постојано мешање, сè додека да се формира пена на површината. Пената соберете ја и поклопете го садот и вака оставете го да отстои до следниот ден.
После 24 часа смесата повторно загрејте ја на тивок оган со постојано мешање, па откако целосно ќе се растопи маста (не треба да врие), процедете ја смесата низ двојна газа и маста складирајте ја во соодветни кутивчиња или теглички.
Додека маста е сè уште топла, во неа можете да додадете и малку пчелин восок. Оваа маст е целосно природна, па може да се користи неколкупати дневно
ПРОТИВ БРЧКИ – Потребни состојки: 100 г борови иглички и 500 мл млеко
Постапка: се приготвува облога од 100 г ситно исечкани борови иглички и половина литар млеко. Се мешаат состојките во едно тенџере и се варат половина час од моментот на зовривање. Потоа се процедува и добиената течност се остава целосно да се олади на собна температура.
Се натопува газа или тенка памучна ткаенина и се става врз лицето. Во ткаенината оставете отвори за очите, носот и устата. оставете ја делува 15-тина минути. Постапката се повторува двапати седмично.