Маслото за кое сакам да ви говорам се добива од оригано, кое може да биде питомо или диво, а полековито е дивото оригано. Многу е богато со антиоксиданти кои ги уништуваат слободните радикали и генерално имаат корисен ефект врз нашето тело.
Ефикасноста на ова масло против разни болести се должи на нејзините две главни супстанции, имено карвакрол и тимол. Еве ги придобивките за нашето здравје од оригановото масло и за што е ефикасно:
1.Против грип и настинки
Ако ги почувствувате првите симптоми на грип, како што се грозница, болки во мускулите и замор, додадете 3-6 капки ориганово масло во малку вода и пијте го 3 пати на ден пред јадење околу 5 дена. За превенција може да земете 3-6 капки масло од оригано растворено во вода еднаш дневно.
2.Ублажува болки од артитис
Маслото од оригано ја ублажува болката од артритис и други болести кои влијаат врз коските и мускулите. Без соодветен третман, овие болести би можеле да преминат во сериозен проблем.
Оригановото масло се раствора во некое неутрално масло во процент според индивидуалната издржливост (се пробува на кожа) па се нанесува на болните места. Најчесто се користи мешавина од ориганово и маслиново масло во однос 1:1.
3.Ги согорува масните наслаги
Маслото од оригано согорува маснотии – тоа се должи на една од нејзините главни состојки, карвакролот.
4.Ублажува менструални болки
Маслото ја ублажува менструалната болка кај жените – тоа е особено погодно за жени со нередовни месечни циклуси и жени во менопауза.
5.Ги ублажува алергиите
Ги ублажува симптомите поврзани со сезонски алергии – маслото од оригано има смирувачки ефект и ја намалува хиперсензитивноста на пациентите, што пак го подобрува квалитетот на животот на луѓето со алергии. Маслото е одлична алтернатива на антиалергиските лекови, кои често имаат несакани ефекти.
6.Моќно антибактериско и антифунгално својство
Маслото од оригано ја докажа својата ефикасност кај бактериски инфекции, вагинални инфекции, габични инфекции и многу повеќе.