Потребни состојки:

•2 лимони, по можност непрскани, а ако се купечки-добро истријте ги со сода бикарбона и измијте ги.

•маслиново масло, ладно цедено

•стаклена тегла

Постапка:

Излупете кора од два лимона, ставете ја кората во тегла и прелијте со маслиново масло, целосно да биде прекриена.

Затворете ја теглата и оставете да отстои 2 седмици.

Во ова масло натопете газа и истата ставете ја како облога врз болниот зглоб.

Преку газата фиксирајте со најлон кеса, а преку неа ставете волнен шал.

Ова правете го навечер за да преспиете со облогата. Наутро ќе почувствувате значително подобрување.

Доколку не сте во можност да ја ставате облогата во текот на ноќта, тогаш применете го на истиот начин и мирувајте 3-4 часа.

Лимонот се користи уште од древноста поради неговата моќ да лекува. Тој се препорачува од билкарите за снижување на крвниот притисок, исфрлување на токсините од црниот дроб, намалување на болките при артритис, против инфекции, грип, против болести во усната празнина и јазикот и т.н.

Кората на лимонот е многу корисна, затоа што е богата со витамин П и фитоцидни материи, кои ги уништуваат микробите. Кората содржи и етерични масла кои се корисни за:

•нормализирање на крвниот притисок,

•намалување на нивото на холестерол,

•превенција од атеросклероза,

•зајакнување на имуниот систем,

•главоболка,

•гадење,

•исцрпеност,

•подобрување на помнењето и концентрацијата.