Маслиновото масло е основна состојка на секоја медитеранска исхрана. За бенефитите кои маслиновото масло ги има врз нашето здравје доста се знае. Богато е со здрави масти. Тоа е природно масло добиено од маслинките, плодови на маслиновото дрво.
Околу 14% од маслата се заситени масла, додека 11% се полинезаситени, како што се омега-6 и омега-3 масни киселини. Но, 73% од маслиновото масло е составено од олеинска киселина.
Студиите покажуваат дека олеинската киселина ги смирува воспалителните процеси, па дури има и благотворни ефекти врз гените кои се поврзани со потенцијална појава на рак. Мононезаситените масти се исто така доста отпорни на силна топлина, што маслиновото масло го прави здрав избор за готвење.
Маслиновото масло содржи големи количини антиоксиданти. Тоа е многу хранливо масло и покрај корисните масни киселини содржи витамин Е и витамин К. Исто така, маслиновото масло содржи и многу важни антиоксиданти. Овие антиоксиданти можат да го намалат ризикот од хронични болести.
Покрај тоа, тие помагаат во бор-бата против воспаленија и помагаат во заштитата на холестеролот во кр-вта од оксидација – две предности кои го намалуваат ризикот од срцеви болести. Маслиновото масло помага во спречување на мозочен y дap.
Во развиените земји мозочниот y дap е втора најчеста причина за негативен исход на кардиоваскуларните болести, веднаш зад болестите на срцето. Врската помеѓу маслиновото масло и ризикот од мозочниот y дap детално е проучувана.
Антиоксидантите во маслиновото масло имаат антикан-церогени својства. Луѓето во медитеранските земји имаат помал ризик од некои видови на рак, а многу истражувачи веруваат дека причината за тоа е токму маслиновото масло. Антиоксидантите во маслиновото масло може да го намалат оксидативното оште-тување за кое се верува дека е водечки тригер на ракот.
Многу испитувања правени во лабораториски услови покажуваат дека соединенијата во маслиновото масло може да помогнат во бор-бата против клетките на ракот. Маслиновото масло може да го намали ризикот од дијабетес тип 2.
Некои студии покажале дека маслиновото масло е добро како заштита против дијабетес тип 2. Тие го поврзуваат маслиновото масло со благотворните ефекти врз нивото на шеќерот и чувствителноста на инсулин.
Едно клиничко испитување направено во Шпанија ги потврдило ефектите на маслиновото масло во превенција од дијабетес тип 2. Имено, во оваа студија луѓето кои практикувале медитеранска исхрана која е богата со маслиново масло имале помал ризик од дијабетес тип 2 за преку 40%.
Во последно време, речиси сите користат маслиново масло во кујната при подготовка на јадења, но и за разубавување и здравје. Маслиновото масло се смета за најздравото, природно масло кое помага во лекување на многу здравствени проблеми, но сепак во некои случаи не смее да се користи бидејќи станува многу ште-тно.
Следниот пат пред да купите маслиново масло, добро проверете ги следниве работи. Во овие ситуации треба да користите друго масло кое е безбедно за употреба.
Ако не го знаете потеклото на маслиновото масло, не го купувајте
Пред да започнете со употреба на маслиновото масло за подготовка на оброк или за директно користење на кожата, внимавајте и осигурајте се дека во шишето го имате вистинското масло.
Според некои истражувања, 80% од производите на маслиново масло во продавниците се неквалитетни. Постојат 3 различни неквалитетни масла: Првото е комбинација од лош квалитет со мала количина на добар квалитет, второто е продавање на старо маслиново масло, а третото е замена со сончогледово или некое друго, на пример соино, а се рекламира како вистинско маслиново масло.
За пржење
Масните киселини можат да бидат или заситени, мононезаситени или полинезаситени. Заситените масти се претежно отпорни на топлина, а повеќето растителни масла содржат полинезаситени масти. Маслиновото масло, пак, содржи претежно мононезаситени масти.
Полинезаситените масни киселини – како оние во маслото од соја и канола – се чувствителни на висока топлина. Маслата обично се состојат од различни видови масни киселини. На пример, маслиновото масло е 73% незаситено, 11% полинезаситено и 14% заситено. Маслиновото масло содржи претежно мононезаситени масни киселини, кои во голема мерка се отпорни на топлина, но не на превисока.
Нутриционистите тврдат дека маслиновото масло е многу здраво за нашето срце, но доколку се третира на многу висока температура, може да стане штет-но. Кога маслиновото масло е изложено на температура поголема од точката на вриење, неговата структура започнува да се распаѓа.
Преку процесот на загревање, се уни-штуваат омега – 3 масните киселини кои имаат значајна улога во лековитите својства на маслиновото масло. Маслиновото масло треба да се користи како зачин, кога јадењето ќе биде подготвено или да не се изложува предолго на повисока температура од 200 степени.
Тоа не значи дека воопшто не треба да се користи маслиновото масло за готвење, но доколку се употребува, да се комбинира со некое друго кое има повисока точка на вриење или пак термичката обработка да не биде предолга (и повисока од 200 степени Ц).
Во продавниците има многу различни видови на масла за јадење. Некои од нив се поздрави, некои помалку здрави, но најважно е да се знае е дека не сите се наменети за термичка обработка.
Клучната работа што треба да се земе предвид е точката на вриење, односно колку можете да го загреете маслото пред да започне да создава штет-ни материи.
Колку е повисока точката на вриење, толку е побезбедно да се користи тоа масло за пржење и печење, а маслата со пониска точка на вриење е побезбедно да се користат само како додатоци.
На пример, екстра девственото маслиново масло, кое инаку се смета за многу здраво, има точка на вриење од 130 до 175 степени, па се греши доколку се користи за долговремено пржење или печење. Најдобро е да го користите како додаток за салати или да го ставите пред крајот или по подготовката на храната.
Од друга страна, рафинираното маслиново масло има точка на вриење помеѓу 200 и 240 степени, така што е безбедно да се користи за пржење или печење. Сончогледовото масло, кое најмногу се користи во домаќинствата, има точка на вриење помеѓу 225 и 232 степени, така што може да се обработува термички. Кокосовото масло станува сè попопуларно, но она што е важно да се знае е дека не се препорачува изложеност на температури повисоки од 175 степени.
Овој вид на масло повеќе се користи како додаток на оброците, особено здравите колачи бидејќи е богат со заситени масни киселини. Маслото од семки од грозје не е многу популарно кај нас, но се смета за здраво и неговата предност е што нема силен вкус, па може да се користи за сите јадења.
Неговата точка на вриење е 216 степени, така што е безбедно да се користи за пржење или печење до таа температура. Путерот е честа состојка во колачите, но може да се користи и при пржење или готвење на пониски температури – до 150 или максимум 170 степени. Ако користите путер за пржење, добро е да додадете малку вода или малку сос, што ќе спречи да ја достигне точката на вриење и да стане ште-тно.
Маринирање со маслиново масло
Речиси секое месо се маринира со маслиново масло и зачини пред подготовката. Иако овој процес не може да наш-тети, и веројатно нема се искористат неговите храливи состојки, но сепак, на месото ќе му даде многу убава арома и дополнително ќе го омекне.
Нега на кожата со акни
Многу жени и девојки го користат маслиновото масло како регенератор за коса, масажа, неизбежна состојка во подготовката на сапуни, лосиони и други производи за нега на кожата.
Иако нема никакво сомневање во неговата делотворност, сепак може да направи влошување на акните при негово користење. Причината е тоа што ги затвора порите, па затоа треба да се користи внимателно. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска