Смиљот е мирисна, егзотична, медитеранска билка. Потекнува од топлите делови на Африка, од каде се шири со векови, па денес може да се најде и на нашите простори. Ова специфично растение расте на падините на планините, карпите и песочниците каде што почвата е погодна за нејзин раст и развој. На смиљот му е потребно многу сонце за одледување.

Потребна му е порозна, исцедена, песочна почва, која не ја задржува влагата подолго време, па поради овие причини не може да се одгледува каде било. Плодните хумусни почви не се погодни за одгледување на смиљ, но може да се најде на претежно  песочни, планински и ридски делови. Во природата има околу 300 видови на ова растение, поточно варијации.

Нашите предци го нарекувале бесм-ртен цвет од неколку причини. Како прво, поради неговата способност да не венее, поточно, по берењето, долго време ја задржува својата златно-жолта боја.

Се користи во традиционалната народна медицина за лекување на разни болести, а исто така има голема примена во козметологијата. Поради специфичниот хемиски состав се користи за производство на мевлеми против брчки и мод-ринки. Маслото од смиљ се користи за лекување на одредени пато-лошки состојби на кожата.

Нашите предци порано го береле овој цвет и го поврзувале со вол-шебни дела. Го користеле девојчињата на денот на нивната венчавка, се правеле мевлеми и креми, се потопувал во ал-кохол со цел да се извлече есенцијалното масло што се користело за облоги и масажа.

Смиљот е повеќегодишно диво растение кое има златно-жолти ситни цвеќиња. Расте до 60 цм во висина и издржува на високи температури и суша, како и за време на зимата. Потребно е соодветно земјиште за да преживее, па затоа природно се населило во ридско-планинските области.

Цветовите на смиљот главно се користат веднаш штом ќе го отворат својот ароматичен цвет. Тие се користат за подготовка на тинктури, масти, чаеви и пијалаци кои можат да се користат за лекување на одредени пато-лошки состојби во организмот.

Благодарение на хемискиот состав на смиљот, кој е специфичен, може да се третираат разни болести, но може да се користи и како превенција. Во својот хемиски состав, смиљот содржи и есенцијални масла.

СМИЉОТ СОДРЖИ:

Флавоноиди – флавоноиди се најважните растителни пигменти кои се одговорни за бојата што ја имаат цвеќињата. Смиљот е познат по своите антиинфламаторни и антиоксидантни својства, па затоа се исклучително корисни за нашето тело.

Флавон – Смиљот содржи флавон кој има значајна улога во елиминирање на непријатните состојби во организмот, како што се: чувство на замор и исцрпеност, ненадејни промени во расположението, несоница, с трес и нервоза.

Апигенин – Тоа е солидна кристално жолта маса која има лековити својства и помага во лекување на многу здравствени проблеми како чистењето на телото, жолчката, бубрезите и мочниот меур. Апигенинот се смета дека има антиканцерогени ефекти.

Кумарин – кумарин е хемиско соединение кое е одговорно за опојниот мирис на растенијата. Смиљот го има во висока висока концентрација. Оттука, смиљот има специфичен, силен и постојан мирис кој не се губи дури и при сушење – дехидрирање на растението.

Различни органски смоли и киселини

Етерично масло ситостерол – Спаѓа во групата на растителни стероли кои се слични на холестеролот. Во природната медицина, се користи за лекување на состојби како што се зголемен холестерол и маснотии во кр-вта, во лекување и превенција на одредени воспалителни процеси во организмот, бенигно зголемување на простатата, лекување на автоимуни заболувања.. Содржи витамини К, А, Б, Ц и Д и танини.

Лековитоста на смиљот ја откриле и античките Грци, кои користеле смиљ за лекување на ра-ни и пов-реди, кас-нувања од инсекти, из-гореници и разни кожни болести. Во комбинација со невен, овие масти се широко користени во третманот на кожни заболувања.

Различни видови луз-ни и стари повреди успешно се отстрануваат со три-ење на мевлем или есенцијално масло од смиљ. Стрии, проширени вени, хематоми, пук-нати капилари, исто така, може да се третираат на ист начин како и кожни болести како псоријаза, егзема.

Смиљот го стимулира варењето на храната. Ја стимулира работата на желудникот и цревата. Го забрзува метаболизмот и варењето на храната. Го чисти телото и помага да се исфрлат камењата од жолчното кесе, бубрезите и мочниот меур.

Смиљот ги намалува покачените маснотии во кр-вта. Со помош на смиљ, успешно ќе го задржите липидниот статус во пропишаните граници. Исто така, го намалува кр-вниот притисок и ги ублажува честите главоболки од мигрена.

Оваа лековита билка се користи во третман на хронична кашлица, астма, бронхитис и разни алергии. Исто така, ги чисти белите дробови и го зголемува имунитетот. Помага во воспоставување на поквалитетен сон, смирува и релаксира, го регенерира организмот и освежува така што чајот може да се пие превентивно.

Чај од смиљ – рецепт

Чајот од смиљ се подготвува на сличен начин како и повеќето чаеви. Истурете 2,5 лажици смиљ во 250 мк врела вода и оставете да отстои половина час. По изминатото време процедете и пијте го чајот трипати на ден половина час пред јадење.

Чајот од смиљ не треба да се кон-сумира повеќе од три седмици по ред. Најчесто се пие со пауза од една недела по изминатата терапија од три седмици, а потоа се повторува терапијата по потреба.

Мевлем од смиљ

Рецепт за антички мевлем од смиљ што нашите баби го подготвувале и го користеле за нега на кожата. Потребни состојки: 200 г свинска маст и 100 г свежо цвеќе од смиљ. Мелемот се подготвува на следниов начин:

Постапка: Загрејте ја маста на тивок оган така што ќе се стопи. Ставете ги свежите цвеќиња од смиљ во загреаната маст и мешајте ја со дрвена лажица додека смиљот се пржи во маста на тивок оган отприлика 5 минути.

Важно е огнот да биде тивок. Потоа тргнете од оган и оставете да отстои десет минути, а додека маста е во течна состојба, процедете ја низ газа во стаклена тегла. Складирајте во фрижидер. Користете го мевлемот за надворешна употреба. Тој е исклучително ефикасен и многу лековит.

Природен мацерат од смиљ за нега на кожата, за пег-лање на брчките и намалување на знаците на стареење

Рецепт на Кате од just.katebake. Ова лековито масло е наменето за сите што имаат многу сензитивна кожа, а одлично е да се користи во летните денови при из-гореници бидејќи ги извлекува за 2 дена и го намалува црвенилото.

Многу е лековито, а постапката на подготвување е многу лесна. Направете го уште сега, а преку цело лето ќе имате лек кој постојано ќе ви биде на дофат. Не треба да користите скапи креми, ова масло е природно и се подготвува за час.

Потребни состојки: цвеќиња смиљ, маслиново масло.

Постапка: Ставете ги цветовите од смиљ во сад и изгме-чете ги со толчник или дрвена лажица. На овој начин ќе излезе етеричното масло од нив. Потоа складирајте ги во чиста, стерилизирана стаклена тегла негде до половина, а потоа прелијте со маслиново масло, оставајќи 2 прста простор во теглата.

Добро затворете ја теглата и оставете да отстои на сонце 40 дена. За ова време маслото ќе ги апсорбира сите хранливи состојки на смиљот. По 40 дена процедете го маслото во сад низ стерилна газа и цедалка. Потоа маслото се складира во стаклени шишиња и подготвено е за користење. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска