За да ја исчистите кожата на лицето од нечистотии, да ја направите мазна, мека и свиленкаста, да ги смирите иритираните области и да спречите осип, ќе в помогне оваа здрава и лековита маска, која лесно ќе ја направите во домашни услови.

Потребни состојки:

1 супена лажица желатин без мирис
1 супена лажица мед
1 супена лажица млеко
5-8 капки масло од чајно дрво (од аптека)

Постапка:

Во една чинија измешајте по една лажица желатин, мед и млеко. Во оваа смеса додадете 5-8 капки масло од чајно дрво кое има лековити и антисептички својства.

Измешајте ги сите состојки, па ставете во микробранова печка да се загрее на умерена температура најмногу до 10 минути.

Проверете смесата да не е премногу жешка, но сепак, треба да биде топла, па брзо нанесете ја на лицето. После 20-25 минути маската ќе се исуши и ќе се затегне, што значи дека може да ја отстраните.

Ако ја повторувате оваа постапка барем 2-3 пати седмично, вашата кожа за кратко време ќе стане чиста, мазна и затегната.

Главната предност на желатинската маска е во тоа што за разлика од други колагенски средства, молекулите на желатинот се многу мали и со леснотија продираат во кожата.

Желатинот го пополнува дефицитот на колаген во кожата кој се јавува со текот на годините. Ги пегла ситните брчки, ја избелува кожата, ја прави свиленкаста и ја зголемува циркулацијата на крвта.