Фото и рецепт: Дамира Левачиќ
Вкусот мора да го пробате зошто не може со зборови да се опише.
Потребни состојки:
500 мл овошно пиво од јаболка
300 г шеќер
2 изрендани јаболка
30 цветови од глуварче
Постапка:
Цветовите од глуварчето наберете ги на пладне кога е најтопло и кога се целосно отворени. Исчистете ги, за рецептот се потребни само венечните ливчиња (латиците)
Пивото, шеќерот и ренданите јаболка ставете ги на оган и гответе на умерено додека да остане третина во садот.
Тргнете од оган и во три наврати постепено и полека промешајте ги цветчињата од глуварчето за да не карамелизира мармаладот.
Складирајте во мали стаклени теглички и тоа е тоа. Во рецептот може да додадете кора од портокал, ѓумбир или ванила според ваш вкус.
Фото и рецепт: Дамира Левачиќ